Мене посебно мерак ми се направи кога видов со што мотор е голфчето па и опрема па па па... Едно друго прашање ми се врти низ глава, зошто се одлучи сега за голф, а не за леон дали имаше некој битен фактор што те натера да одиш на vw? Сепак нели леонот е позгоден брат на голф.
Додека гледав, гледав скоро све што е во понуда, а параметрите беа хечбек, 5 врати, дизел, со добра опрема. Набрзинка ќе прелистам.
1. Seat Leon - Добив одлична цена за 2.0 TDI 140 Style (што му доаѓа највисоко ниво на стандардна опрема), али ентериерот едноставно разочарува. И материјалите и дизајнот се (според мене барем) несоодветни.
2. Opel Astra - Добив
одлична цена за Astra 2.0 TDCI 160 Sport. Ми се свиѓа и како изгледа, ми се свиѓа и ентериерот. По квалитет на изработка е многу блиску до Голфот. Ме одврати тежината, околу 200 кила е потешка и нема Multi-Link позади.
3. Ford Focus. Ружен е од позади, секое утро кога ќе го гледам ќе се пцујам сам себе. Pass.
4. Honda Civic. Сегашниот Цивик нема во понуда дизел, новиот ми е грд.
5. Мазда 3. Никако.
6. Alfa Romeo Giuilietta - Скапа, не ми се свиѓа како изгледа од напред, ама ич.