Најпросто кажано, секој електронски дел вграден во возилото во себе дигитално го има впишано бројот на шасија на возилото. За истиот дел да може да функционира на друго возило, мора истиот да се прекодира, односно да му се внесе бројот на шасија на второто возило. Тоа прекодирање, барем кај ВАГ групацијата оди со онланјн поврзување на тестерот со кој се врши кодирањето. Претпоставувам дека имаат систем со кој при тоа онлајн поврзување оригиналниот број на шасија од кој е дојден делот се праќа до VW-Интерпол-МВР... шта ја знам.
При вградување на нов дел (пример ербег) истиот пак се кодира за возилото во кое се вградува, но на него нема запишано никаков број на шасија.
Делови од каросерија, бандажи, ентериер итн, кои не се електронски делови, секако дека не може да се откријат на ваков начин дали се од крадено возило или не.