додека вчера се лизгале и тумбале по водно јас и уште 3-ца (едниот ке го изрецитирам во видеото) се одлучивме на мала офроад тура по снег.
таргет:
село пагаруша. 15-тина километри од скопје поточно 10-тина километри возење по угорница од кај драчево.
возило:
теренц мицибуши L200, и на пола пат бевме известени дека не е со зимски гуми. најс.
кога пристигнавме после 30-тина минути возење со редуктори и останати ствари надвор беше мраз се.. бело бело нај бело, снег фино напаѓан, се покриено, а воздухот неверојатно чист, кристален. симињањето беше “по весело“ одколку качувањето. заборавив да снимам на идење. клипов е више скоро при крај кога се враќавме...