Може некој има веќе напишано ама ме мрзи да читам 30-кусур страни

На неколку пати комшииве ме начекаа како ги чистам стаклата и ми викаат брао бе кај ти текна, а не е некој марифет кузнај каков.
Имам ставено средство за чистење шофершајбна (од зимскиве нали) во паковање за чистење стакла за по дома со пумпица (Ајакс, Спин итн.)
И сабајле наместо да гребеш по стаклата, прскаш од средството и само си се топи. После бришачите си бркаат работа. Ако е ептен хард-кор заледено, тогаш многу полесно се гребе
