Drive-r од памет збориш вака ? Многу претеруваш со твоите тупења за безбедноста друже, и тоа многу нервира. Многу влагаш у филмови со таа безбедност, како америте си, без навреда.

Ја сум возел со кељави летни гуми и на мраз, и на снег, и на суво и на мокро.
За на мраз и на снег е доста заебано, додека ги имав тие гуми избегнував да возам, а кога морав да возам возев претпазливо, до 30-40 низ Скопјево и немаше гајле. Повеќе не возев затоа што времето на кочење е доста подолго, а и при вакви услови во Скопје ретко кој вози изнад 50.
Единствено се излизгував само кога намерно правев такви егзибиции.
Руски рулет е ако со такви гуми возиш како да имаш зимски или па ако возиш како да временските услови не се такви какви што навистина се.
На суво и на мокро можеш и со сликови да возиш, ако си претпазлив т.е. ако не претеруваш со брзината, кочиш навремено и цело време ги пратиш останатите учесници во сообраќајот, ќе стигнеш безбедно каде сакаш.
Секако има исклучоци ама ретки се, не се до толку чести како што некои членови обожаваат да преувеличаваат.