Разлика меѓу 95 и 98 на претходното мое возило Ford Fiesta 1.3 8v 70KS се осеќаше. Со 98 помирно работи моторот, поубаво прима и поглатко забрзува. Со полн резервоар поминував околу 30 километри повеќе на истата дестинација. Тестирано со полнење на резервоарот во Скопје и одење на викенд до Охрид и назад.
На возилото кое го имам сега сеуште не сум наточил 95-ка за да споредувам.
Исто така имам чувство дека горивата од Макпетрол и Лукоил се разликуваат. Поубаво работи машината со горивото на Лукоил, а некои луѓе тврдат дека покрај тоа со Лукоил помалку им троши возилото.
И уште нешто, се осеќа и разлика со користење на грчкото Еуросупер 100. Со него пак, возилото повеќе влече одошто со нашата 98-ца, поглатко работи моторот и помалку троши (во литри, a повеќе во пари
).
Сепак октан-бустерите не придодаваат на квалитетот на горивото. Само го поместуваат прагот на толеранција на палење. Ако имате квалитетно гориво кое навреме се пали со помош на свеќицата, сеедно е дали ќе ставиш или нема да ставиш октан бустер. Тестирав со SONAX и немаше абсолутно никаква разлика кај мојата Mazda 6 1.8 16v. Исти меѓузабрзувања имаше пред и потоа.