А шпагети?

Да се вратиме на темата.
Моментално се користат мануелни, автоматски, автоматизирани мануелни (autoblip), автоматизирани секвенцијални, мануелни со двојна спојка, многу е тешко да се разделат кои се автоматски, а кои мануелни.
Кога се работи за контролата, верувам дека повеќето на форумов сакаме да имаме слобода сами да одлучуваме во кој пренос ќе возиме, а тоа може да се изведе и на автоматски менувач.
Автоматизираните менуелни и секвенцијални се иднината, подобри перформанси, немаат загуби на сила како старите автоматски и го олеснуваат менувањето повеќето од луѓето што нејќат да се замараат со тоа кога го притиснал куплунгот и на колку вртежи му бил моторот кога променил во друга брзина.
Има развој и кај автоматските, пр. целосно заклучување на торк конверторот по менувањето на брзина, ама сепак не ми прават мерак