Предлог за теписонски патосници? И дали има некој искуство со теписонските од Аутолукс, скапички се доста па не знам дали вредат. Наводно некој бренд Петекс.. Немачки...
Јас денес земав од кај Самчо. На лице место земаа мерки и ги направија за 30-тина минути. Земав од поквалитетниот германски текстил, антрацит боја, со антрацит боја конец и без лого. Ептен ми се свиѓа како дојдоа. Друга кола во споредба со гумените што беа ставени.
И јас земав од кај самчо, сиви, искрено не ме праша за конецот, гледам црн ставиле па малце двои.
Инаку имаше доста материјали ,овој што го избрав и не ми изгледа кој знае колку квалитетно, дааааалеку од фабричките. Квалитетот на изработка исто не ме одушеви 3/5.
Не знам која е антрацит боја, имаше 3 или 4 темни материјали.