Менувам табор, ги заебаа гумените патосници во секој поглед.
Оригиналните патосници од i10 почнаа да пуштаат боја (се пожали невестата) и купив од Еуростил типски гумени. Ме привлече материјалот многу сличен на оригиналните. Другото се што видов низ продавници беше ѓубре.
Прво перење ок, второ донекаде, третото после оние дождовите, катастрофа. Имено, шарата е во вид на мали квадратчиња (1цм х 1цм отприлика) во кои останува депозит откако ќе испари водата. Да се исчисти депозитот треба секое квадратче со чепкалки за уши...
Купив типски теписонски (не платнени😉) од карбокс
Имам видено многу подобар квалитет, ама за цената се ок, се надевам нема за брзо да се згужваат под педалите (главна причина зошто ги замразив платнените)
Ме чека почесто усусавање😂