абе.. имам фул хд телевизор. и пушта без проблем фул хд резолуции. 1080 одлично ги плеја, без проблем, и сум тестирал, со општо мислење од други присутни. сликата е чиста и убава а тестирано е на 3 начини:
-плеерот на телевизорот
-вд плеер
-хдми кабел од лаптоп
и како што кажав, не го користам баш плеерот од телевизорот, затоа што има ужасно мени. на пример, ке пуштиш харддискот со сите работи во него и ги вади ХАОТИЧНО сите фајлови на екран. измешано е музика, слики, видео фајлови, преводи... се е на еден куп, а тоа многу ме нервира, треба да листам низ менито за да го најдам фајлот со филмот. инаку збориме за панасоник телевизор, 42 инчи, фул хд,,, треба панасоник да поработат малку околу тоа прашање...