Имам Sony Bravia KDL-32EX500 и денес почна да заебава. Го уклучив, менито ги имаше сите опции ама без текст. На секое уклучување бараше Setup за канали и слично, но меѓутоа нема текст неможеш никако да се снајдеш.
Ставив USB со firmware но неќеше да го прифати. После тоа му направив reset со вадење од струја и скроз се изремети.
Кога ќе го уклучам во струја, одма се уклучува и се пушта екранот со црна слика. Кога ќе го изгасам и уклучам одново преку далечинско светнува зелениот ЛЕД дека е уклучен, но екранот не се пушта.
Мислам дека софтверот е заминат. Кажете каде да го носам на сервис, кај што ако нема оправка нема да ми го вратат со 5 делови помалку.