Автор Тема: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?  (Прочитано 620924 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #915 на: 12 Јануари 2014, 18:02:05 pm »
Тоа што го имаш ти е систем на самсунг.

Ова е систем за било кој телевизор (како и хромкаст). На пример со мојот лаптоп (и софтверче) и вакво тракатанче си одам каде сакам, и на било кој TB кој има хдми може да се поврзам. Наместо да тегнам кабел хдми.

Тоа твоето нема да работи кога ќе дојдеш кај мене на SONYто. На пример.

Во случајов не ти треба, ама ако немаш смарт тв од иста марка би било практично. :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #916 на: 12 Јануари 2014, 18:44:47 pm »
У однос на 720p вс 1080p дискусијата.. Јас го гледам телевизорот на дистанца од околу 2 метри.. Праиме муабет за 42" LCD 1080п.. На истото место порано имав 37" LCD 720п и гледам забележителна разлика.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #917 на: 12 Јануари 2014, 18:45:24 pm »
Според табелата горе, сум си земал тамам телевизор :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5392
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви тр&
« Одговори #918 на: 12 Јануари 2014, 20:43:58 pm »
Затоа кога се препорачува нешто некому, ја сносиш одговорноста за таа препорака. Лесно е на интернет зошто не го ни знаеш човекот. Но, ако му препорачам нешто на пријател и го купи. А после 6 месеца кога ќе види дека требало нешто друго да купи ќе биде несреќен за одлуката. Јас несакам да ги гледам своите пријатели несреќни. Не велам дека тоа ќе се случи со телевизоров. Далеку од тоа. Сигурно е одличен - но за одредена клиентела, не за сите. Не треба да се генерализира.
Секој ја сноси одговорноста за своите одлуки. Мене ми е важно кога давам совет, да дадам совет за нешто во што имам некои знаења. Да ги покажам фактите. Да не дозволам продавачот да го одврати од поволен производ со базворди како „ФУЛХД„ и слични. Резолуцијата е само еден фактор, помалку важен од контрастот, распоните на осветлувањето и сатурацијата, итн итн. Одлуката е потоа индивидуална, според личните преференци на купувачот.

Болдираниот дел вели дека во основа истото го велиш и ти. Иако после се вадиш со нешто во стилот „купете си најскапо да не бидам после јас крив„. Тоа не е баш најдобар совет, се разбира освен ако пријателите не ти се богаташи со пари за фрлање.
Но се согласувам дека тоа е безбеден совет.  ;)


Незнам што сакаш да доловиш. Всушност знам сакаш да го оправдаш телевизорот со тие и тие параметри, но малку барем да сме објективни. Полошо е да земе некој нешто за кое може да се кае отколку да земе нешто што можеби е подобро но многу помали шанси за каење.
Ниту ме знаеш, ниту ме познаваш. Премногу си дозволуваш, да ме обвиниш за необјективност и конструкции... затоа што некои работи ги гледам различно од тебе.

Јас од мојот телевизор сум сосема задоволен, и уште повеќе од концептот. Bare-bones TV со главни атрибути: големина, контраст, сатурација и генерално квалитет на сликата. Никакво значение ми нема дали е 720р или 1080р кога не седам залепен пред екранот, туку добри 3 метри подалеку.
Филип преска спомна нешто што е прилично важно, големината на пикселот. За мене 720р на 50’’ има таман пиксел, во комбинација со ТВ кој има добар контраст и опсег на сатурација, па уште и плазма... филмското доживување е одлично. Одлично.
Искрено тврдам дека не сум видел подобра слика кај ниеден роднина, познаник, колега, пријател, а има и такви со дупло, па и повеќе од дупло, поскапи телевизори. (ок ова не е фер споредба, посебно зошто ниеден од тие телевизори не е плазма... но сепак)
Можеби најважно е што самите тие го кажуваат истото, па и не им се верува колку пари кошта и дека „не бил ФУЛХД„.  ;)

Летово ќе треба да размислувам за телевизор за во спална. Ако ми налета некоја поволна понуда со 60-70 инчен плазма ТВ со 720р, извесно е дека ќе го пазарам. Зошто во новата дневна телевизорот најверојатно ќе биде 4-5 метри од гарнитурата за седење. И затоа што нема да има разлика во однос на 1080р. И затоа што, како бонус, фимовите ми заземаат помалку место и побрзо ги симнувам.
Сегашниот 50’’ ТВ, во тој случај би идел во спална.

Така да, кога некој прашува за совет за ТВ, со чиста совест препорачувам: плазма (ако можат да живеат со недостатоците), да е што поголема дијагоналата, по можност 720р и да е глуп (непаметен). Тоа 720р не заради тоа што 720р е подобро од 1080р, туку заради тоа што разликата во пари, по мене, е многу подбро потрошена во големината, отколку во резолуцијата.


У однос на 720p вс 1080p дискусијата.. Јас го гледам телевизорот на дистанца од околу 2 метри.. Праиме муабет за 42" LCD 1080п.. На истото место порано имав 37" LCD 720п и гледам забележителна разлика.
Секако дека имало разлика, но дали разликата се должела само на резолуцијата. Дали телевизорите биле: ист бренд, иста ЛЦД матрица, иста физичка величина, поврзани на ист 1080р capable видео извор?
Кога горните услови би биле сите исти, и само резолуцијата различна, само тогаш можеме да зборуваме за релевантна споредба на 720р и 1080р.

Но несомнено сите различно гледаме на работите, затоа кога некому давам совет, на крај велам ОК сега кога ти кажав се, оди и види сам како тебе ти изгледаат работите.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг:
« Одговори #919 на: 12 Јануари 2014, 21:33:54 pm »
A koi se nedostatocite na plazma televizor, oti gledam cesto gi spomnuvate?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5392
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #920 на: 12 Јануари 2014, 21:49:43 pm »
Недостатоците се во одредена мера надминати, но во основа остануваат. Ако долго време остане статична слика, истата ќе се „впече„ во екранот и ќе се гледа како сенка/дух/итн. Генерално електрониката е поосетлива и порасиплива (во однос на ЛЦД). Истотака повеќе струја трошат.

Плазма не е за луѓе што не исклучуваат телевизор по цел ден (или ни тогаш/навечер). Не за предолго играње игри (често имаат големи статични елементи). Не е за деца и такви кои можат да го заборават вклучен на некоја статична слика (тест сигналот, на пример).

За такви (како мене) што речиси и не гледаат класична телевизија, туку во основа седењето пред телевизор е гледање на филмови од сопствена колекција... плазмата е измислена. Квалитетот на сликата е подобар, како што викаат црното е навистина црна, боите се поуверливи, никако нема гоустинг на брзите акциони сцени (слабост на поевтините ЛЦДа).

Тоа би било тоа, на кратко. За додетално има на нет, гуглај.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #921 на: 12 Јануари 2014, 23:26:18 pm »
@VAN

Секогаш ги читам твоите постови кои се одлични и посочуваат одлични работи.
Кладбата не сакаше да ја прифатиш, а твој избор...Не се навраќаме на тоа.
Се е одлично што кажуваш, ги почитувам твоите коментари и ги поддржувам, во право си за се освен - , но повторно не ми е јасно како можеш и сам себе да се уверуваш (лажеш) дека на 50 инчна плазма нема разлика ако е 1024 наспрема 1920?
Можеби ти твојата ја гледаш од 5 метри далечина, но јас мојата имам можност да ја гледам и од метар ипол.. Зарем треба цел живот да се каам зошто не додадов 150 евра + за да не ми извади око проклетиот пиксел од сантим на сантим?
Греота е да ги убедуваш луѓето да купат 1.9 дизел бидејќи реално немаат потреба од 1.6 ХДИ и ке дадат повеќе пари...

Он топик:
@filipv

Јас искрено и топло би ти го препорачал ова:
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_4&product_id=206480
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #922 на: 12 Јануари 2014, 23:27:30 pm »
Одлична препорака!!!

Греота е да се земе другиот.

A koi se nedostatocite na plazma televizor, oti gledam cesto gi spomnuvate?
Подебели се и потешки.
« Последно менување: 12 Јануари 2014, 23:43:12 pm Deni »

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #923 на: 12 Јануари 2014, 23:43:08 pm »
И мене ме бендисува препоракава, а за во кеш би требало да ти симнат некоја илјадарка...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5392
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #924 на: 13 Јануари 2014, 00:40:42 am »
...не ми е јасно како можеш и сам себе да се уверуваш (лажеш) дека на 50 инчна плазма нема разлика ако е 1024 наспрема 1920?
Можеби ти твојата ја гледаш од 5 метри далечина, но јас мојата имам можност да ја гледам и од метар ипол...

Секако дека 1920 е различно (поголемо) од 1024, но целата поента е во кои ситуации ја гледаш таа разлика. Разбираш?
Сакаш телевизор од 127см дијагонала да гледаш од метар и половина? Пеки де, гледај. Можеби на луѓето ќе им биде смешно зошто постојано ја вртиш главата лево-десно кога ќе гледаш тенис... ама што ти е гајле.  ;)

Сериозно, на таква мала далечина секако ќе приметиш разлика и ако навистина од толку блиску гледаш, тогаш за тебе препораката е дефинитивно 1080р резолуција.
Но! Повеќето други луѓе, не гледаат телевизија од толку блиску. Според некои статистики просекот е некаде од 2 до 3 метри. А од 2-3 метри, пријателе... не се гледа разликата меѓу 1080р и 720р. Освен ако телевизорот не е навистина голем, 55-60’’. Докажано и покажано. :)

BTW Опкладата ти ја растури кога побара да биде во пари наместо во пиво, а јас веќе ти кажав дека во принцип не кладам во пари ниту се коцкам. Never did, never will. :)

Плус, паралелата со моторите 1.9 дизел и 1.6 ХДИ ти е несоодветна. Разликата до појак мотор во многу ситуации ќе ја приметиш и не само тоа, туку таа разлика и ќе ја искористиш (на успони, ако ништо друго). Разликата во резолуции, од друга страна,  ќе ја приметиш само ако се залепиш до екран.
За воља на вистината би требало да се согласиш дека ретко кој, навистина голем телевизор го гледа од многу блиску...  ;)


За крај тој LG-то од Нептун е навистина доволно приближен по цена, за сериозно да се разгледа... ако 1080р е навистина толку важно за купувачот. Јас лично попрвин би ги гледал другите карактерстики, а резолуцијата последна.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #925 на: 13 Јануари 2014, 00:43:47 am »
А пиво а пари исто ти е :D.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5392
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви тр&
« Одговори #926 на: 13 Јануари 2014, 00:44:43 am »
Во принцип (и во грло), НЕ Е СЕЕДНО!  ;)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #927 на: 13 Јануари 2014, 00:47:33 am »
Подобро 2-3 000 +, него каење цел живот. Од ФУЛ ХД нема зијан. Од 720п може да има зијан. А тоа дека нема разлика помеѓу Фул ХД и 720п на ТВ од 50/50+ инчи, голема грешка си.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5392
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #928 на: 13 Јануари 2014, 00:54:32 am »
Така велиш, а?
Епа добро, чим ти така велиш. Штом вака добро го аргументираше тврдењето, што ми преостанува...?  ;)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #929 на: 13 Јануари 2014, 00:58:48 am »
Верувам дека имаш познавања па веројатно и знаеш дека разликата во големината на пикселите кај ТВ од 50 инчи и кај 720п и 1080п е ОГРОМНА. Колку помал пиксел толку подобра слика. Колку поголема херцажа толку подобра слика. Колку поголема дијагнала толку подобар избор. И таа табелата од Дени е одлична и треба да се има секогаш во предвид. Едносавно тие се непишани правила при купување на ТВ. Непишано правило е дека Хд реди е пожелно да се гледа на ТВ до 42инчи. Се од 50-ка нагоре е пожелно Фул ХД, за да нема каење при секое пуштање на филм. А ти ако сакаш да гледаш од 3.5-4-5 метри растојание, тогаш 50 инчи се премалку.

A аргументирано ми е со тазе споредба (пред една недела) на телевизори од иста марка само 720п и 1080п на лице место во Техномаркет, Сет и Нептун. Другар зимаше и си зема Сони. Паметно.