Добар си е графиконот, само тоа е повеќе како guideline, релативен показател. Имено границата не може да биде така права, и оштра како со нож пресечена. Не дека 1мм поголема дијагонала и веќе можеш да направиш разлика меѓу две резолуции.
Границата не е права нормално. Се работи за реален систем со многу фактори. Но, ако речеме дека другите параметри се исти (плазма со плазма, лед со лед и слично). Значи ти веќе стави график.
Е сега, и графикот нечинел. Зошто? Затоа што границата не била права (значи просторот што фино го обележале луѓето не е битен, границата е битна). Добро. Несакам да помислиш одма дека те напаѓам, туку да видиш од страна што зборуваш. Значи да правиме муабет за средината на графикот каде е 720п ајде ок, ама правиме муабет за екстремите (50инчи), во екстремите (3метри), во екстремите (720п). Значи било кој параметар да е изменет и одма навлегуваме во другото поле. Се надевам ме разбираш.
Не велам дека ќе се примети или дека нема да се примети, туку се држам до графикот кој е ставен и со кој јас би се сложил. Телевизорот си е фин, но треба да се гледа на повеќе од 3 метри според графикот. Сосема прифатливо решение. (рачунај зборуваме за екстремите пак) Прашањето е зошто не гледаме за средните вредности на графикот, туку мораме и границите да му ги шириме за да ни се бендиса? Средината вели дека 720п 50 инча е добар за 4метри. Средината вели дека 1080п 50 инча е добар за 2,5 метри. Со овие параметри веќе може да се игра. Да се поместиш понапред, понзад метро, да ставиш помала, поголема резолуција, да намалиш зголемиш дијагонала. Така го предвиделе графикот. А не згора на тоа што правиме муабет за границите, па сега и тие не чинеле.
Незнам што сакаш да доловиш. Всушност знам сакаш да го оправдаш телевизорот со тие и тие параметри, но малку барем да сме објективни. Полошо е да земе некој нешто за кое може да се
кае отколку да земе нешто што можеби е подобро но многу помали шанси за
каење.
Затоа кога се препорачува нешто некому, ја сносиш одговорноста за таа препорака. Лесно е на интернет зошто не го ни знаеш човекот. Но, ако му препорачам нешто на пријател и го купи. А после 6 месеца кога ќе види дека требало нешто друго да купи ќе биде несреќен за одлуката. Јас несакам да ги гледам своите пријатели несреќни. Не велам дека тоа ќе се случи со телевизоров. Далеку од тоа. Сигурно е одличен - но за одредена клиентела, не за сите. Не треба да се генерализира.