Салевски, ОК е што го повлекуваш блефот. Пошто ќе требаше да го частиш цел форум!

Мене ми е принцип да не се коцкам со пари, и тоа веќе го нагласив. Нормално кладењето во јадење/пиење или слично ми е ОК. Ти ако си сигурен во тоа што го велиш, тогаш не гледам зошто да не ја ставиш сметката за лапачка таму каде што ти е устата.. и не им приредиш едно задоволство на колегиве форумџии?

Како и да е, понудата сеуште стои. За тебе и за било кој што мисли дека во условите кои што ги опишав погоре, дека ќе може во 6 од 10 погодувања, да погоди кој е 720р телевизорот а кој е 1080р телевизорот.
@Van, разбирам што сакаш да кажеш, но сепак, сеуште не сум видел нативна 720p плазма со квалитетна слика како 1080p. Ако треба да токмам растојанија, да внимавам на осветлувања, да пазам на колку сантими ми е масичката - туримукуро.
... 720p можеби на плазма и не е некоја маана, ама на LCD е опасен пропуст, во димензии над 40“.
Истите принципи важат за сите екрани, плазма, ЛЦД или ЦРТ, сеедно. Идејата (и фактите) се дека резолуцијата е само еден параметар за квалитетот на сликата. Во одредени случаи можеби и најневажниот.
Не дека треба да мериш во сантиметри растојанија, туку напротив: така како што веќе ти е дома ставен намештајот,
нема да приметиш разлика во резолуцијата. Посебно не на 40инчи дијагонала. Освен ако не се залепиш пред телевизор да бараш влакна.

Пак да повторам целиот муабет почна со
прашање на форумџија, дали вреди 50инчна 720п Самсунг плазма за 500евра. На мојот одговор дека тоа е одлична понуда за таа цена, следеа куп дезинформирани критики дека таа понуда е фрлање пари за „застарена технологија„ и слични глупости.
Човекот праша за телевизор, и за тие пари тоа е прва лига телевизор. Човекот не праша што е најдобро на свет, без разлика на парите. Ниту кажа дека како @Deni телевизорот ќе го користи како монитор (!).
Ајде со примери малку. Еве неколку напоредни прикази на 720п наспроти 1080п.
Погледајте ги, и кога ќе сакате да скокнете со изјава од типот „АХА ЕВЕ СЕ ГЛЕДА РАЗЛИКА„... сетете се дека седите непосредно пред мониторот.
Затоа повлечете се назад едно 3 метри, па тогаш обидете се да најдете разлика!

(клик за фул резолиција, па после зум на 1:1 однос)




