И конечно еве јас како потрошувач имам следни побарувања:
1. Квалитетна слика на кабловска, ХД преку ХДМИ од некој си медиа центар, не ми е многу важно да е смарт, да има перфектен агол на гледање, добра црна боја, директна светлост не удира во него и притоа да биде 50 инча, не помало од 47, и да не се плашам дали син ми фрлил количка во него, дали дошол и притиснал со прст...
Што ке ми понудиш? 
Цена до 1000 евра.
Фала.
AUDI
Мислев дека ке се потрудиш да ми дадеш конкретен модел на било каков телевизор со мало образложение за и околу неговите можности, а моите побарувања.
Како на пример овој модел:
http://www.amc.com.mk/ShopDetal.asp?ArticleID=28023&id=56&l=3&q=&SupplierArticleID=0236939&Action=Со мало објаснување што и како...
или пак овој:
http://www.amc.com.mk/ShopDetal.asp?ArticleID=29710&id=56&l=3&q=&SupplierArticleID=&Action=Со повторно мало објаснување што и како...
Пример што би ми задоволил, што не, веќе реков имам одредени критериуми кои ги наведов во моето прашање.
Како и да е, благодарам на одговорот што ми го даде и препораките...
Сега јас ке ти одговорам на прашањата кој ти мене ми ги постави:
Не знам колку поима имаш,се надевам зборуваш од нешто за што имаш поткрепа.
Плазма ретко кој купува,зборувам за ледовите.Плазмите се да не речам на изумирање,но далеку од лоши.Не знам точно која серија на панасоник плазма имаше прекрасна слика,да не речам најдобра
Поима немам којзнае колку, онака колку да одберам мене што ми треба дома...По однапред дефинирани критериуми.
Плазма незнам кој купува, но купува дефинитивно оној кој не е нафуран на маркетинг, кој разбира што е квалитетна слика и оној кој сака да ужива во слика, а не во графика.
Плазмите се далеку од НЕ ИЗУМИРАЊЕ, незнам само од каде ти е оваа информација. Пример: Сакам 70 инчен телевизор. Ке ми препорачаш некој, па макар го нема во дуќанот? Ке ми одговориш да си купам проектор, или ке речеш купи задна проекција или пак ке ми речеш нешто друго...70 инчна плазма има, ЛЦД??? Нема...
Небитно, еве направив глупа екстремна споредба...
Кај нас по продавници Панасоник кој може да даде солидна слика, е плазма со G15 панел...Од ЛЦД-ата има едно, не му ја запамтив ознаката, нешто со 5Е беше ми се чини, но 47 инчен ЛЦД има цена од 65к , а плазмата е 51К....Цена од 14К разлика, сликата приближно иста...Тоа ЛЦД имаше приближен приказ на боите со плазмата.
Коа серија на Панасоник?
Кој на ЛГ?
Која на Самсунг?
Која на Филипс?
Која на Сони?
Мислев генерално...
1. Панасоник - ИПС панели, во 90% од случаевите...АКо сакаш детално за секој модел, можам за секој модел надоле да ти посочам, мислам дека е сувишно, НО, реков ако сакаш нема проблем...
2. Ефтините модели на ЛГ ставаат ефтини панели, ИПС од ChaiMei OE, AUO итн...Поскапите идат со ИПС од ЛГ/Филипс. За да се знае точната ознака на панелот треба да се знае и буквата од серијата...
3. Филипс идат со U2VA модели на Шарп, инаку скапите модели идат со ИПС или претходните кажани...
4. Самсунг/ Сони фураат нивни панели, Самсунг/Сони, МVA и PVA модели и тоа е тоа...Ретко кој модели имаат ИПС, и тоа оние екстремно скапите, за специјална намена, обично тие модели кај нас се сајнс фикшн...
На овакво глобално објаснување мислев...Не ништо спец, конкретно...
За квалитетна слика на кабловската,ќе се обратиш во кабловската и ќе му речеш да ти измерат сигнал,па тогаш било кој лед или плазма од поновата генерација ќе ти даде убава слика,мислам во поглед на чистота на сликата,во поглед на бојата е друга прича.Исто и преку медиа плеер,каков квалитет ќе пуштиш таков ќе гледаш.Скоро сите нови ледови имаат прекрасен агол на гледање,во кој век сме мислам да имаме агол на менување на бои,дај молим те.А ако мислиш да го користиш и телевизорот како боксерска вреќа купи си плазма,па ако се погоди ќе го имаш и 200 год.
Квалитетот на кабловска нема врска со сликата. Тоа беше информација за што намена ке биде телевизорот.
Чистота на слика? Што е за тебе чистота на слика? Дигитална слика, чистота? Ај да е аналогна, па шум на колор, снег итн итн, ама дигитална?
Медија плеер се користи најчесто за гледање на ХД содржини...
Скоро сите нови ЛЦД ЛЕД немаат добар агол на гледање...
ИПС=идеален агол за гледање, идеален приказ на бои, одличен контраст.
МВА=добар приказ на црно, добар контраст, запалени бои, лош агол на гледање.
Можеш да ме молиш до утре, али тоа е тоа...

Боксерска вреќа? Здрајве, боже на мекици да ти дојдеме, па после година дека да видиме што ке сакаш да имаш

Тоа е тоа...
А не знам колку си имал можност да гледаш телевизори од разни марки,сите наместени на ист сетинг,дали динамик,дали натурал и сите наредени еден до друг и на сите пуштен едно исто видео ист да видеш кој каква слика,каква боја,каква острина.Разлики во црна,разлики во бела,разлики во острина,разлики во херцажа и разлики во изглед,и разлики во цена.Па да дадеш субјективно мислење кој нуди најмногу за истите пари.
Ниеден телевизор, ниеден панел, ниеден екран не може да биде исто сетиран

Сум гледал неколку исто подесени, ствар на вкус
