HBO max посекако ми е на Т-мобиле андроид боксот. Она што мене ми е важно е да имам добар контраст, добра светлина (да не е темен екран како што имаат многу LED телевизори), бои нормално, 4К и да има добар рефреш.
Јас прво се мислев за некое Sony. Ама не знам.SONY KD55X75WLPAEP ?
Цел живот сум користел Samsung монитори и телевизори и мислам е време да сменам. Од последниов Самсунг не бев нешто многу задоволен.
Да речеме во исто време за иста цена зедовме LG, SONY и Samsung. Самсунгот во квалитет на слика беше најлош од сите. Сонито има Андорид и е ептен ...Андроид, глави, тешко старува некогаш... LG-то спие во секој поглед.
А гледам доста луѓе се фалат од Hisense. Јас искрено до сеа ништо не сум земал од Hisense.
ТCL-от што го спомна tomaso е главен конкурент на Hisense-от. Гледав директни споредби и не знам за кој да се одлучам.
А да друга важна особина... 17 саати на ден се гледа кај мене телевизија (децата кога се дома особено за време на викенди)

така што мора да и издржлив.