На ИТ форум, пред некоја година беше споделено искуство со ЛГ телевизор, прегорени лед диоди и мајстор со неговата мајсторија.
Имено (Фетаи стајл), мајсторот ги сменал само прегорените диоди и за брзо телевизорот почнал пак да покажува аномалии.
Следи носење кај друг мајстор, ама овој пат навистински мајстор. После отварањето на телевизорот, овој повистинскиот мајстор ги документира поправките од претходниот. Касапана. КА СА ПА НА! Исповрзани диоди без врска, сечено, лепено монтирано...
Овај помајсторот ги заменува комплетно лентите со диоди, наплаќа исто колку претходниот.
Пробав да ги најдам сликите, да ги ставам колку за илустрација, ама не ми успеа...
Муабетот ми е, кога веќе менуваш, смени ги сите.