@зоки-златен Пред некој месец истото ми се случи на мојот LG 43" телевизор, стар 6-7 години. Прво почнаа да трепкаат некои ледици за на крај скроз да рикне цело осветлување. Мој совет е да го смениш цел сет осветлување зошто многу веројатно е дека за кратко време пак ќе откаже и некоја друга диода.
Јас се нафатив сам да ја вршам цела операција, навидум е straight forward ама има многу точки на внимавање каде што ако си "трапав" у рацете ќе треба да го фрлиш телевизорот

.
Се работи за прилично голем телевизор, панелот е многу незгоден за вадење и општо за маневрирање, си бара мирна рака и осет зошто многу лесно знае да се изгребе,да пукне и толку game-over. Работата е многу полесна со suction cups(кои јас ги немав) за вадење на панелот ама и без нив успеав да ја завршам работата успешно.
Друга важна работа е редоследот на фолиите,односно дифузерите. Пробај да не ги измешаш

.
Набавив цел сет заменски диодите конкретно од BDS за горе-доле слична цена. Е сега кај мене се случи дифузерите на самите диоди да се помали од фабричките, со тоа распрскувањето на светлината не е најидеално и на скроз бела позадина има видлива мрежа од диоди, а не чисто бела позадина. Се помирив со тој факт, со оглед на староста,вложеното време и цената, мене лично не ми смета, чисто да си знаеш дека може да се случи тоа.
Телевизорот си работи еве веќе 5ти или 6ти месец без проблем.