Едно време беше „за компјутерите што ги гледаме на биро, 15“ екран (со тогашна едвај 14“ дијагонала) било таман, па после станаа17", па 19“-ки таман, па после станаа 21“, па 24“, денес 32-ка е некаде таман за гледање на биро...
Е, исто и со телевизорите. Заеби „калкулатори“ и „препораки“. Оди застани пред 65-ка во дуќан. Врати се назад додека мислиш дека е комотно гледањето. Ќе видиш дека стоиш на околу 2 метри растојание, не повеќе... Е, после 5 минути гледање во 65-ката, оди застани пред 40ка во истиот дуќан, со иста тест слика што ја емитуваат по дуќанине.
Ќе видиш инстАнт како „тегне“ куповината накај поголемиот екран.
