Само да напоменеме е дека разликата на телефон не е дека дисплејот има повеќе херци, туку дека и самиот интерфејс се рендерира во толку херци. Кај телевизор тој дел може да е опфатен во менијата или слично, но изворниот материјал нема да има разлика. Освен ако не се вклучи некој софтверско хардверски soap opera effect за да измисли фрејмови меѓу реалните, за да надополни.
Од друга страна филмовите се во 24фпс, а телевизија на 30Hz. HFR филмови се околу 48fps. Кај телевизорите МНОГУ поважно е да има соодветно скалирање на фрејмовите за да нема прескокнување или stutter на фрејмови кога конвертира од 24/30/48 на 60 или 100, отколку колку реално фрејмови има. Зошто тоа може некогаш да е екстремно и страшно иритантно. Сум имал искуство со stutter на Sharp теелвизор што беше тотално неподносливо, буквално секои 5-15 сеекунди рандом сецнува сликата. И од кожа те вади.
До друга страна ако се користи за гејминг или слично ефектот ќе е ист како кај мобилен со тоа што самата игра ќе се ренрерира во повеќе фрејмови и ќе е помазна.