Го имам пробано Honda Accord 2.0 155 со моторот како на Krell. Многу ми е јасно што кажав.
Едит: Мислев за мојто пост е репликата на achtung
Honda -ва треба и да се научи како да се вози. На прва личи дека моторот е тром и не влече, се дури не се научи каде и во која брзина треба да се вози. Идеален мотор во ЦР-В сепак би бил 2.2 150 кс, дизел варијантата (која за 7500 еур разлика колку што беше во тоа време, дефинитивно не се исплати). Останува другото прашање дали е тоа соодветно во комбинација со кратки релации.
За малиов 1.0 турбаш дефинитиво ќе треба да помине време за да се види доверливоста на моторчето со текот на годините. Пример:
1.4 TSI 122 ks Излезе како доста поуздан мотор, 1.2 TSI или 1.4 TSI 150 кс, излегоа тиња.
Кај маливе турбаши покрај грижата за доверливост и издржливост мене на некои од нив не ми се допаѓа нелинеарноста (на пример новата Шкода Октавиа ми е ептен тиња како нелинеарно влече со 1.2 TSI). Од друга страна 1.4 TSI 122 кс верзијата ми е по ок (Ја имам возено старата верзија на Октавија со овој мотор, не знам дали е истото во новата верзија).. Несомнено дека иднината е на маливе Турбаши.. Ама јас сепак имам предрасуда дури не поминат пар години не се покажат како треба.И сега за сега повеќе верувам на добрите стари и проверени мотори со поголем волумен,па макар биле и обични стари атмосферци. На пример, не би имал ништо против турбо во Порше со 350 кс и 3000cc
Кај атмосферциве ми се бендисува линеарното забрзување, и тоа што се докажани дека се немаат проблеми (поготово Honda моторите).
Секој со своето убедување