Нема нормален родител што би му дал кола на своето 16 годишно дете.
апсолутно се сложувам... само ке додадам уште еден мал дел... НА ДЕНЕШНО ВРЕМЕ... пошто стариот мој ВО ОНОА МИНАТО ВРЕМЕ, ме научи да возам на 12 години, за на 13 (осмо одделение) да му ја крадам колата и се развозуам низ град, по што на 14 ме фати
поМИлиција, го викнаа у станица беко, да ме земе и мене и колата, и таму МИЛИЦАЕЦОТ да му одржи буквица од 2-3 минути дека згрешил што ме научил да возам, за после на 15 години више он сам да ми ја дава навечер да се повозам низ маало (центар на скопје)...
е арно ама во тоа време низ скопје немаше толку сообраќај... не што немаше толку, туку би рекол немаше ни 10% од ова што денес го има.. и немаше КОПИТА зад волан, се пазеше ред, имаше култура, моралната осуда, поготово од постар/сериозен човек во тоа време беше СИЛЕН ФАКТОР на опаметување ако на некој му текне да забега со начинот на возење и едноставно цивилизираноста во сообраќајот беше на мнооогу високо ниво... ако направиш некоја глупост, било кој постар на улица, преку прозор ке ти ги истегне ушите и ке те врати у колосек... сите овие вредности ГИ НЕМА ДЕНЕС.. затоа јас како родител, на моето дете кое за 2,5 години ке полни 16, не би му дал кола да вози никако.. односно моето дете сега има години точно онолку колку што имав јас кога му ја крадев колата на стариот мој... ни на крај памет не ми е да го научам да вози кола (знае моторче да вози)... дури и кога ке наполни 18, сериозно уште од сега размислувам дали да му дозволам да научи да вози и да се впушти во овој џган од сообраќај...