Автор Тема: Купување стан и уредување (Balanar)  (Прочитано 441 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3544
  • Хюндай Тюсон
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #165 на: 23 Јануари 2026, 09:10:33 am »
Работам на софтвер за хипотекарни кредити. Над 50 проценти од кредитите се со исклучение за камата. Има посебен софтвер за отстапки и комисии за истите итн.
Али не е исто за кредит од 50 000 евра и 500 000.

Друго нешто што треба да внимавате за осигурувањето е дека се рачуна за периодот за кредитот однапред. Пример земаш за 30 години тие ти рачунаат за 30 години и го лепат на кредитот и исплаќаш месечно. И ако го исплатиш за 5 години ти си им платил осигурување за 30 години кое иде у вода.

Отсутен Filip MK

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3003
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #166 на: 23 Јануари 2026, 09:21:16 am »
Јас станбениот кредит го земав од матичната НЛБ почеток на 2019 година. Првите 2 години беше пониска каматата, испод 3% беше, а следните 3 години требаше да биде повисока, а после тие 5 години (2+3) требаше да биде варијабилна.

Кога поминаа првите години од повластената стапка, приметив поголема месечна рата за кредит, не ми ни текна во моментот дека ми помина повластениот период. Ми дојде некако висока каматата и почнав да се распрашувам во други банки.

Во НЛБ им кажав дека имам чувство дека преплаќам кај нив и дека како клиент кој има траен налог за кредитот, немам задоцнето рата ниту еден ден, ниту пак друга уплата, не сум во минус и слично, а фидбекот од нивна страна воопшто не е како што треба да биде спрема лојален клиент, кој за кредит од 65.000 треба да врати 125.000 евра (кредитот првично беше на 30 години).

Им посочив дека брутално е за вкупна рата од 350 евра, главница да плаќам 100 евра а камата 250 евра (такви беа првите рати).

Во тој момент, 2022/2023 мислам, Силк роад имаше добра понуда и најсниски камати, побарав понуда од нив. Со документите отидов во НЛБ банка да им кажам (не да ги прашам) дека одам во друга банка. Тогаш ми понудија скоро исти услови како Силк, а и позитивно беше тоа што останав во иста банка и не платив 0,5% провизија (договорен пенал) за премин во друга банка.

Моментално сум на фиксна камата во износ од 3,5% за период од 10 години. Тоа баш го завршивме пред да почне да игра варијабилната каматана стапка.

                                                                               *             *             *

Кога сме кај кредити, камати, да спомнам и за депозити и нивните камати.

Висината на каматата на депозит (за ист износ) варира од 200 до 1500 евра за ист период на орочување, така да и тоа истражував, од банка во банка и пак мојата матична банка најмала камата ми даваше, па средствата се орочени во друга банка.

Сакам да кажам дека и тука има игранки.
Своерачен потпис ;)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2687
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #167 на: 23 Јануари 2026, 09:39:28 am »
Јас кога го барав стамбениот кредит (2018), прво се упатив во матичната НЛБ и таму ми ја дадоа истата понуда од веб-страната.

Отидов карши во СПК и ми дадоа понуда каде каматата беше 6.000еур помала.

Се вратив за да им побарам документи за префрлање документи и комплет средства во друга банка и таа на шалтер само ми подаде и заведе во ПЦ.

Утредента, прво мејл, па ми се јавија на телефон, па испрашување што се случило за да донесам таква одлука, па состанок наредниот ден за „да поразговараме“.
На состанокот само им ја дадов понудата од СПК и ништо не зборев, па почна со ама вие сте догогодишен клиент, ама вие на време подмирувате обврски, ама не сакаме да ве загубиме....и направи понуда каде каматата беше 3.000 пониска од таа на СПК, а 9.000!!!!! од првичната шалтерска понуда.

@balanar ако одиш со осигурување на кредитот, внимавај затоа што и тука имаат уиграно цаки, па ќе го споделам поето искуство.

Осигурувањето на целиот кредит и не е голема ставка, а јас секако сакав да го осигурам, затоа што периодот беше долг и во случај на не дај боже не сакав да оставам долгови позади мене.
Даваат понуда и кажуваат колку Х.ХХХ еура е осигурувањето и нормално целото може да го расцепкаат да влезе во ратата за станот.
Се оди на задолжителен лекарски преглед во установи предложени од нив.

Помина прегледот, извештај не добив, туку само известување дека премијата за осигурување е зголемена за некои 30%.
Првично не ме засегна затоа што малку менуваше во ратата и гледав што побргу да завршам работа затоа што ми гореше под нозе.
Ама откако преспав, викам чим е зголемена премијата, сигурно има зошто, па побарав извештај.

Па нели ви го дадоа, па нели стигна, како не ви го пратиле итн.....стигна некако извештајот.
И според извештајот, „броени ми биле деновите“, арно ама матичната кога виде рече дека не е можно одредени параметри да имаат толку високи вредности на сметка на други (со пенкало напишани) и ме прати директ во Авицена на итен целосен преглед.
И од таму резултатите стакло.

Го однесов новиот извештај во банка и ги прашав како се добиени претходните и нормално дека они не знаеа и дека ќе проверат.
Наредниот ден само ме известија дека премијата за осигурување е првичната.

Да не бев во тотален хаос периодот, ќе им ебев матер и на едните и на другите, ама тогаш гледав само да завршам работа и да влезам во станот.

Поентата ми е и за тебе (пошто сега го трчаш патот), ама и за другите да знаат дека се' е пазар и да внимаваат на секој аспект.
Особено па на ветувања на граѓевинци :)

Имам и јас слични ситуации и за понудата за станбениот во НЛБ и за осигурувањето баш лани.

Во 2020та јас поднесов апликација за станбен кредит, на почетокот пред да фати Ковид. Со години клиент таму јас како физичко лице а и со фирмата моја исто. Поднесувам апликација за кредит, договарам проценител да дојде на лице место со инвеститорот, сѐ океј завршуваат работа, и после 2 недели ми се јавува вработената во банка и ми вика „Андреј, да не е стар станов, да не седел некој во него?“ ѝ викам „Станот е толку нов што уште не е избрусен паркетот уште, зошто?“ и ми вика „Па проценката на станов е некои 30% помала од сумата што ја бараш за кредит. Ако сакаш да ти ја одобриме ќе мораш уште некој имот под хипотека да заложиш“. Си го фатив патот и отидов по други банки и нормално секаде ми ја одобрија сумата што ја барав.

Кога почнав процес во банката што ја избрав крајно, ми рекоа дека треба да затворам прво еден ситен кредит што го имав на фирма со останати некои 2000 евра и уште 6-7 месеци останат рок на исплата. Одам во одделот за правни лица за да ми направат налог и да ми издадат потврда, и тој што работеше таму ме прашува „Уште многу малце има останато рати, зошто го затвораш предвреме?“ му викам „Од друга банка кај што апицирам за станбен кредит ми побараа да го затворам“ „А зошто не аплицираш кај нас за станбениот?“ „Аплицирав, па ми рекоа дека станот од 83 квадрати со 36 квадрати гаражен простор во Црниче вреди толку, и не ми ја одобрија сумата што ја барав“ неговата реакција беше „Кај има таков стан во Црниче за тие пари да си купам и јас“.

Нејсе, 5 години подоцна, иде време за рефинансирање зошто сакав да си одам од ТТК, и со фирма сѐ уште бев во НЛБ ради софтверот а и плус девизни приливи на физичко лице таму, па ај да прашам пак. Одам, и исто така ми даде одлична понуда со 0.5% помала фиксна камата на 10 години од тоа што им е на сајтот, плус покриени трошоците за затворање едно друго, и плус ќе вратам сѐ на иста банка. Топ. Исто одам на систематски преглед, ме праќаат во Биотек за жал, ми звони после недела дена, истиот муабет, полисата накачена ради 30% ради дишни проблеми и пролапс на митралната валвула на срцето. Мене ме фаќа паника ради здравје нормално, не ради тие 500 денари плус што идеа месечно, и фаќам извештајот и прво во Срце на целосен преглед, а после и во Систина на пулмолог.

Во Срце ми викаат дека иако валвулата има малце поголеми движења од нормално, целосно се затвора и не се класифицира ни блиску како пролапс. Систина докторката ми вика Ова ти е од алергија (за која што им потенцирав во Биотек), еве ти кортикостероиди, прскај ги недела дена и прави пак тест. И се вратив назад во НЛБ со сите овие извештаи ама не ми ја намалија премијата мене :)

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #168 на: 23 Јануари 2026, 11:43:38 am »
@marjanot - Благодарам на инфо

Јас искрено не ни прашав во НЛБ дали ќе пробаат да ме задржат, може ќе избоксував нешто ситно. Ама таму имаат задолжително осигурување.
Плус, ме накурчија што од 01.03 нема да стигаат кодови по СМС за верификација на плаќања, туку исклучиво преку НЛБ Пеј. А НЛБ Пеј не работи со инсталиранa AnyDesk на мобилниот што ја користам. Зашо - они си знаат.

Во Стопанска земав без животно осигурување, а ќе ги пишам точните каматите кога ќе излезат кредитите (станбениот + потрошувачки). Од тие на сајтот има можност да спуштат за 0.2%.

Во друга банка - животното осигурување беше 450€ на годишно ниво :)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #169 на: 24 Јануари 2026, 20:01:43 pm »
@dbl.dzo - Кај си бре ти, кај те снема???

Фала ти, да ти се враќа сега кога секако си во потрага, барем дупло поголем  :D

@balanar Фала, за арно за убаво нека е! Еден куп ствари се случија во 2025та, нејсе, лека полека се враќаме во форма :)

Само пофалби и новости да пренесуваш за станот!

Не знам како пројде со банките ти, али јас започнав од Комерцијална, најпрактично ми беше таму прво да прашам поради што примам плата.
Ми се чини дека повеќе сакаше да ми го продаде тоа пусто животно осигурување отколку самиот кредит, низ нос ми го извади.

На крај некој прифатлив амортизационен план ми понуди за 24-5 години по 360еу рата. Ќе видиме и по другиве банки што ќе кажат.

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #170 на: 24 Јануари 2026, 20:22:44 pm »
Јас исклучиво барав без животно. И друг услов ми беше потрошувачки кредит со ОК камати за да ми го покрие учеството. Стопанска ги има и двете.

Лекарски прегледи, 400-500€ годишно - не, не.

Јас не ни барав понуда од банката каде сум 15 години - НЛБ.
Немаат без животно...

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3078
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #171 на: 24 Јануари 2026, 20:47:54 pm »
Јас исклучиво барав без животно. И друг услов ми беше потрошувачки кредит со ОК камати за да ми го покрие учеството. Стопанска ги има и двете.

Лекарски прегледи, 400-500€ годишно - не, не.

Јас не ни барав понуда од банката каде сум 15 години - НЛБ.
Немаат без животно...
Имаат без животно осигурување, јас имам таков кредит земено од НЛБ. Само треба годишно осигурување да се плаќа за станот.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15355
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #172 на: 25 Јануари 2026, 13:21:59 pm »
Јас октомври зедов станбен, ниту ме прашаа за животно, а го нудеа како “поволност” од Комерцијална. Изгледа никој не им го зема.

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #173 на: 26 Јануари 2026, 23:47:34 pm »
Деновиве (додека чекам да „излезе“ станбениот) се зафатив со SketchUp.
Го имам работено како студент, сега му дошло време пак.

Сакав да направам еден оквирен план за внатрешното уредување. Или како сето тоа би изгледало во 3D.
Фалат работи по собите (или ќе претрпат измени - пример во претсобјето левиот дел со закачалките) како шкафче некаде, плакарче некаде, полици на ѕид некаде, штекови, прекидачи и осветлување (за овие знам каде сакам да стојат, ги нема на цртеживе), плочки, таркет и остало, ама глобално - ова би било тоа.







Сите слики - тука

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4469
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #174 на: 26 Јануари 2026, 23:51:17 pm »
Aко има можност да смениш одлука и да земиш стан со две спални, ќе решиш стамбено прашање на долг рок.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #175 на: 27 Јануари 2026, 00:31:06 am »
Aко има можност да смениш одлука и да земиш стан со две спални, ќе решиш стамбено прашање на долг рок.

Нема, не.
Понатаму, за X години. Ништо не е запишано во камен, па ни овој стан.

Само здравје да се има, другото е небитно.
« Последно менување: 27 Јануари 2026, 00:38:39 am balanar »

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4223
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #176 на: 27 Јануари 2026, 04:26:59 am »
Деновиве (додека чекам да „излезе“ станбениот) се зафатив со SketchUp.
Го имам работено како студент, сега му дошло време пак.

Сакав да направам еден оквирен план за внатрешното уредување. Или како сето тоа би изгледало во 3D.
Фалат работи по собите (или ќе претрпат измени - пример во претсобјето левиот дел со закачалките) како шкафче некаде, плакарче некаде, полици на ѕид некаде, штекови, прекидачи и осветлување (за овие знам каде сакам да стојат, ги нема на цртеживе), плочки, таркет и остало, ама глобално - ова би било тоа.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Сите слики - тука

Со балкониве насекаде вака ги решаваат „излезите“ и реално прави прблем со искористувањто на просторот и на балконот и на собите. Кај мене имаше 3 врати на балкон излез од две спални и од дневна. Ушто пред вселување ја сменив едната балконска врата во прозор од едната спалан(детска). Ама згрешив што не го направив истото со спаланата. Реално многу малце се сценаријата каде некој излегува од таа врата а не од днева, да не речам никому нема да му фали ако нема излез од спалните. Просторот на балконот далеку подбро се искористува ако нема толку врати ем во собата има дополнително место за комода или биро зависно од тоа како  ќе улегне креветот.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15355
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #177 на: 27 Јануари 2026, 09:30:36 am »
Деновиве (додека чекам да „излезе“ станбениот) се зафатив со SketchUp.
Го имам работено како студент, сега му дошло време пак.

Сакав да направам еден оквирен план за внатрешното уредување. Или како сето тоа би изгледало во 3D.
Фалат работи по собите (или ќе претрпат измени - пример во претсобјето левиот дел со закачалките) како шкафче некаде, плакарче некаде, полици на ѕид некаде, штекови, прекидачи и осветлување (за овие знам каде сакам да стојат, ги нема на цртеживе), плочки, таркет и остало, ама глобално - ова би било тоа.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Сите слики - тука

Буквално истиот стан го гледав кај Космос во ниските згради? Дури стубот во дневна е таму :)

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #178 на: 27 Јануари 2026, 12:39:59 pm »
Немам пари за нов стан во Скопје  ;D

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4267
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #179 на: 27 Јануари 2026, 13:19:24 pm »
Сите немаат пари за нов стан во Скопје, а во Скопје неможе да се најде нов убав стан зошто сите се продадени. Тоа е една голема мистерија на македонското општество и неговата економија  :-\
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA