Автор Тема: Купување стан и уредување (Balanar)  (Прочитано 447 пати)

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #180 на: 27 Јануари 2026, 13:35:17 pm »
Со балкониве насекаде вака ги решаваат „излезите“ и реално прави прблем со искористувањто на просторот и на балконот и на собите. Кај мене имаше 3 врати на балкон излез од две спални и од дневна. Ушто пред вселување ја сменив едната балконска врата во прозор од едната спалан(детска). Ама згрешив што не го направив истото со спаланата. Реално многу малце се сценаријата каде некој излегува од таа врата а не од днева, да не речам никому нема да му фали ако нема излез од спалните. Просторот на балконот далеку подбро се искористува ако нема толку врати ем во собата има дополнително место за комода или биро зависно од тоа како  ќе улегне креветот.

Мене ми е баш супер што има излез на терасата од спална, а не да кружам преку цела спална, преку претсобје, преку кујната и преку дневната за да излезам на тераса.

А да не зборам колку се скратува патот од спална у дневна или до трпезариската маса (преку терасата). На сликите погоре се гледа дека имам ставено и компјутерско биро во ќошот од дневната соба,
баш е згодно од спална право на биро или обратно.

Не е дека се малку сценаријата, така да....

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3544
  • Хюндай Тюсон
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #181 на: 27 Јануари 2026, 13:46:06 pm »
Освен што живееме на поднебје каде што вратите се отворени точно 2 месеца во годината. Еден на пролет и на есен. Во останатиот период е или претопло или преладно па користиш греење и ладење.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9251
  • Пичлеме
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #182 на: 27 Јануари 2026, 13:55:46 pm »
Сите немаат пари за нов стан во Скопје, а во Скопје неможе да се најде нов убав стан зошто сите се продадени. Тоа е една голема мистерија на македонското општество и неговата економија  :-\
Се согласувам.
Веќе месеци барам нешто пристојно, она што го гледам во фаза градба е разочарувачко. Цена огромна, понуда фушарска.

Кога го купив првиот стан, врска немав, не знаев ни што да гледам, што чини, што не чини. Како го градеја ги приметував недостатоците. Го продадов пред да се вселам и уплатив друг во градба за кој мислев дека ќе биди без недостатоците.

Без криви ѕидој, максимално фино искористен простор, многу добро проектиран за квадратурата. Живеејќи во него увидов други недостатоци, на пример звучна изолација помеѓу станови која требаше да е на ниво повисоко од просечните. Доста слаба звучна изолација имаше.

Сега привремено сум во просечно зградиче, фино на лик. Целата градба е цврста, нема прегради од кнауф. Граничи со 2 станови, комшиите до сега не сум ги слушнал, освен минимално од едното купатило, за да заклучам дека имам комшии :)
Од горе се слуша, нормално, ама е издржливо, како и во претходниот стан. Единствено не се слуша само ако е последен горе и тоа е тоа.
Тој инвеститор во времето кога го купив претходниот ги продаваше поевтино становите од она што јас платив.
Додуша и локацијата беше подруга, тој градеше низ Хром, јас сакав во Влае. Не се продава, ќе го купев, испробан ми е веќе, неколку месеци сум во него :)

И сега од искуство горе долу знам што чини, што не чини, ама до она до кое стигнувам е она што не сакам.
Последно што видов беше водоводни цевки низ под од едното купатило до другото. Не ми се допадна тој момент.

Готовите станови што се на продажба достапни преку агенци, реклама5, пазар3 најчесто се со некој батал распоред,ништо особено, ама затоа цената особена.

Помирен сум со фактот дека то е новото нормално и дек анедвижнините се скапи, ама никако не можам да се помирам со факто дека за таа цена се добива ептен фушарска изработка.

На сила ќе ме натераат да се евакуирам од државава изгледа :)



Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #183 на: 14 Февруари 2026, 10:35:35 am »
[Ако спушташ плафон стави си и изолација, топлотна ако си на поткровје, или звучна ако си пониско

Каква звучна?

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9251
  • Пичлеме
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #184 на: 14 Февруари 2026, 19:54:20 pm »
[Ако спушташ плафон стави си и изолација, топлотна ако си на поткровје, или звучна ако си пониско

Каква звучна?
Со волна за таа намена и гипс плочи за таа намена. Оваа е „поевтината“ варијанта.
Друга варијанта:
https://ldecibel.mk/zvucna-izolacija/

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11905
  • Архитект
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #185 на: 18 Февруари 2026, 08:18:17 am »
[Ако спушташ плафон стави си и изолација, топлотна ако си на поткровје, или звучна ако си пониско

Каква звучна?

Ако не најдиш Audigy, тогаш пробај со камена волна + гипс табли Sonicboard од Кнауф
https://knauf.com/mk-MK/p/proizvod/sonicboard-plocha-12-5mm-14767_0117

Внимавај колку ќе спуштиш затоа што новиве згради не се нешто со висок плафон. Да не ти испадни ниско по дома.

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #186 на: 18 Февруари 2026, 12:01:25 pm »
Вчера зборев со агентката од инвеститорот.

Изгледа ќе може да ми ги исполнат барањата - електричарите да пуштат кабли до местата што ги имам одбрано за штекови, прекидачи за струја, тавански светла, трофазни кабли (за проточен и плотната во кујна), како и пуштени кабли до џамовите (за електрични ролетни).
Само треба да им дадам точни и детални локации по ѕидовите и таванот. И нормално - да си доплатам.

Но секако мислам дека ќе уштедам многу со плаќање кон нив наместо правење ова на готов стан:
- штемање на ѕидовите, пуштање кабли и глетување/фарбање
- спуштен плафон
- работна рака за електричари
- работна рака за гипсарите

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9251
  • Пичлеме
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #187 на: 18 Февруари 2026, 12:16:08 pm »
Секако дека ти е подобра опција да платиш на инвеститорот додека е во градба, штом се согласиле.
Доволно е заморно чекањето инвеститорот да заврши и да добијаш клучој.
Замарање отпосле пак со мајстори е напорно и секако ќе те кошта поскапо, како и шо спомна.
Земи ги ти клучојте и после позамарај се со мајстор за кујна и плакари по мерка, доволно е и тоа :)
И секако да искомбинираш нарачка на мебел од салоните, за некои ствари знај да се чека 2-3 месеци.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2626
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #188 на: 18 Февруари 2026, 12:46:28 pm »
Вчера зборев со агентката од инвеститорот.

Изгледа ќе може да ми ги исполнат барањата - електричарите да пуштат кабли до местата што ги имам одбрано за штекови, прекидачи за струја, тавански светла, трофазни кабли (за проточен и плотната во кујна), како и пуштени кабли до џамовите (за електрични ролетни).
Само треба да им дадам точни и детални локации по ѕидовите и таванот. И нормално - да си доплатам.

Но секако мислам дека ќе уштедам многу со плаќање кон нив наместо правење ова на готов стан:
- штемање на ѕидовите, пуштање кабли и глетување/фарбање
- спуштен плафон
- работна рака за електричари
- работна рака за гипсарите

Кога ќе завршат со ѕидање, земи креда и метро и обележи си каде ти требаат штекери и сл. Нема никаква причина да те одбие особено ако си доплатиш.  Размисли и за пред влезна врата за електронска брава итн.

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #189 на: 18 Февруари 2026, 13:20:22 pm »
Не сум сигурен за електронска брава, ама сигурен сум дека ќе ставам smart ѕвонче (веројатно Xiaomi).

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3544
  • Хюндай Тюсон
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #190 на: 18 Февруари 2026, 13:23:29 pm »
Малку посложена е работата од со креда. Јас во два стана сум менувал инсталации и си иде тоа прописно со писмено па ти даваат анекс допуна на договорот со нова цена па прифаќаш и после си имплементираат и надзорот треба да валидира според тој договор. Во еден случај еден штекер од тие променетите ми згрешија и се побунив си ископаа си средија се.
истотака во двата случаи поставувањето на трофазниот кабел и 32 амперски осигурачи идеше по друг начин бидејќи официјално не може да се стави во договорот.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2626
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #191 на: 18 Февруари 2026, 13:49:54 pm »
Малку посложена е работата од со креда. Јас во два стана сум менувал инсталации и си иде тоа прописно со писмено па ти даваат анекс допуна на договорот со нова цена па прифаќаш и после си имплементираат и надзорот треба да валидира според тој договор. Во еден случај еден штекер од тие променетите ми згрешија и се побунив си ископаа си средија се.
истотака во двата случаи поставувањето на трофазниот кабел и 32 амперски осигурачи идеше по друг начин бидејќи официјално не може да се стави во договорот.

Зависи со кој си фатил работа.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3544
  • Хюндай Тюсон
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #192 на: 18 Февруари 2026, 13:56:40 pm »
Поентата ми беше дека вака имаш документ каде што се обележани на скица и после ако згрешат ќе си средат. Ако е со креда кога ќе се измалтериса кредата нема да се познава.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2626
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #193 на: 18 Февруари 2026, 14:41:38 pm »
Поентата ми беше дека вака имаш документ каде што се обележани на скица и после ако згрешат ќе си средат. Ако е со креда кога ќе се измалтериса кредата нема да се познава.

Кабли се пуштаат кога е на цигла ваљда.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3544
  • Хюндай Тюсон
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #194 на: 18 Февруари 2026, 15:34:42 pm »

Намерно или случајно не се разбираме? Нормално кабли се пуштаат кога е на цигла ама ти со мајсторите ќе пушташ кабли или ќе видеш тек после кога е средено се?
И после ако некој штек не е таму каде што треба или наместо 3 ставиле 1 штек ќе им кажеш тука имаше со креда обележано?