До сега рекордно ниска потрошувачка па викам да се овековечи

Лагана вожња по знаци од Скопје до Богородица, беше убаво свежичко сабајле па немаше потреба од клима (барем до граница), 4 патници и натоварени за одмор, што значи со сите тракатанци, не знам како собра се во Пунтото.
Мора да напоменам дека беше среда, помалку гужва и поминување со таг (како во МК така и во ГР).


Не очекував дека за 50 мин ќе ги поминеме двете граници, па правевме мала пауза на првата пумпа после граница (ЕКТО/ЕВО как се викаше), па после возев уште полагано за да кога стигнав во Неи Пори ми покажа уште помала потрошувачка од 4,2 л иако од границата веќе ја вклучив климата. Тоа не сликнав, немав време, веќе мислевме на плажата
