Автор Тема: Совет за продажба  (Прочитано 1200 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34504
  • Таков е животот... јебига
Одг: Совет за продажба
« Одговори #15 на: 20 Јуни 2026, 01:03:19 am »
Сменет е каишот во масло, направен е во Автонова сервисот пред 7 месеци, затоа не сакам да ја продадам колку да ја продадам :)
колку чинеше?

Отсутен Chovek321

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Совет за продажба
« Одговори #16 на: 20 Јуни 2026, 06:59:02 am »
Сменет е каишот во масло, направен е во Автонова сервисот пред 7 месеци, затоа не сакам да ја продадам колку да ја продадам :)
колку чинеше?

27.000

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7750
  • French diamond
Одг: Совет за продажба
« Одговори #17 на: 20 Јуни 2026, 08:11:22 am »
Најбитно е да се става масло препишано од производителот, така ќе обезбедиш подолг животен век на каишот. Цената не е нешто посебно висока, стандард за голем сервис.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7623
Одг: Совет за продажба
« Одговори #18 на: 20 Јуни 2026, 10:42:29 am »
Добро толку е проблематичен тој мотор дури и ако редовно се одржава и менува мислам тој каиш во уљето внатре навреме (мислам тоа им беше главен потенцијален проблем)?
Ма јок. ДОбар си е моторот само си сака одржување, менување на каиш еднаш во 6 години и тоа е тоа. Башка овој е на плин, па oil dilution треба да не е проблем и каишот да издржи екстра.

Да бе добар е, топ е. ;D Најдобар мотор на деценијата е избран, заедно со некое опелово срање..

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7623
Одг: Совет за продажба
« Одговори #19 на: 20 Јуни 2026, 10:43:48 am »
Чоек распрашај се за конверзион-кит, ланче да му стават, и брчи си го количето уште долго време.

Отсутен Chovek321

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Совет за продажба
« Одговори #20 на: 20 Јуни 2026, 11:01:13 am »
Дечки прашав за совет пошто не се разбирам многу - колку можам да ја продадам колата, 15 коментари добив колку не чини моторот и колку е ужас и дека не требало да ја купувам како прво, дека ќе отиде колата џабе и уште неколку други сценарија.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4350
Одг: Совет за продажба
« Одговори #21 на: 20 Јуни 2026, 11:25:18 am »
9000 do 9500e
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4086
Одг: Совет за продажба
« Одговори #22 на: 20 Јуни 2026, 13:14:16 pm »
Дечки прашав за совет пошто не се разбирам многу - колку можам да ја продадам колата, 15 коментари добив колку не чини моторот и колку е ужас и дека не требало да ја купувам како прво, дека ќе отиде колата џабе и уште неколку други сценарија.
Па ти најде кого да прашаш,луге што отишле да купат шкода на ново од нив ли бараш совет?
Огласи си ја 9500-10000 и види како ке ти оди продажбата
Контактирај ги голден кар може ке ти ја откупат…


Sent from my iPhone using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7750
  • French diamond
Одг: Совет за продажба
« Одговори #23 на: 20 Јуни 2026, 15:23:16 pm »
Море како ги дупат Шкодите по автопат, стварно треба да се помачиш некогаш за да ги стигниш, све ТДИ по хауба  :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55283
  • Махер
Одг: Совет за продажба
« Одговори #24 на: 20 Јуни 2026, 19:23:33 pm »
Дечки прашав за совет пошто не се разбирам многу - колку можам да ја продадам колата, 15 коментари добив колку не чини моторот и колку е ужас и дека не требало да ја купувам како прво, дека ќе отиде колата џабе и уште неколку други сценарија.
Огласи ја, некој ќе ја купи. That simple.

Што очекуваш да ти кажат? Кола е, најобична.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45074
  • Il Moderatore
Одг: Совет за продажба
« Одговори #25 на: 20 Јуни 2026, 19:33:21 pm »
Ако не ти се брза и можеш да ја возиш уште, како што викаш, огласи си ја 11.500, и чекај будали да ти се јавуваат да ти кажуваат „знаеш каква шкода...“ :)

Реално, склопи добар оглас, потенцирај мала километража, редовно одржување, екстра гуми, плински уред, склопи го со екстра убави слики на чиста кола со чисти платенени патосници, и свиркај си. Ќе се продаде, кога некој ќе ти понуди цена која што ти мислиш дека е прифатлива за тебе и тоа е тоа.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34504
  • Таков е животот... јебига
Одг: Совет за продажба
« Одговори #26 на: 20 Јуни 2026, 20:01:03 pm »
Да бе добар е, топ е. ;D Најдобар мотор на деценијата е избран, заедно со некое опелово срање..


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34504
  • Таков е животот... јебига
Одг: Совет за продажба
« Одговори #27 на: 20 Јуни 2026, 20:02:56 pm »
Дечки прашав за совет пошто не се разбирам многу - колку можам да ја продадам колата, 15 коментари добив колку не чини моторот и колку е ужас и дека не требало да ја купувам како прво, дека ќе отиде колата џабе и уште неколку други сценарија.

Игнорирај срањето, фати заклучокот. Колата има малку километри, тоа е добар адут за продажба.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7157
  • Бенве сие бенве
Совет за продажба
« Одговори #28 на: денес во 08:34:46 »
Колата е на 7год, не е атрактивен модел, најверојатно има опрема за комерцијалисти затоа што немаш поставено слика. Моторот е 82кс на хартија, во живо најверојатно е утепан и апсолутно не атрактивен во поглед на перформанси. тоа пто има плин не можеш да го наплатиш дополнително, тоа што има голем сервис исто така, и дошол ред си ја сервисирал. Види колку се движат сите, цените им се најверојатно 1000еур плус од реалната најди се некаде на средина огласи и на првиот што ќе ти дојде дај ја. После тоа ќе ти биде криво затоа што никогаш нема да ја добиеш таа цена. Секако нема да изгубиш затоа што си ја купил евтино пред короната. Ако сакаш да си ќар и да си ги наплатиш тие 7год користење, големиот сервис итн итн требало да ја користиш за работа. Стави ја ти и 11500 како што доби совет, ќе залегне на оглас, ќе стои со месеци, ќе се продае на крај за 8000.

Едит: Секое едно нешто вреди онолку колку што е спремен да плати некој за него.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7623
Одг: Совет за продажба
« Одговори #29 на: денес во 09:36:43 »
Колата е на 7год, не е атрактивен модел, најверојатно има опрема за комерцијалисти затоа што немаш поставено слика. Моторот е 82кс на хартија, во живо најверојатно е утепан и апсолутно не атрактивен во поглед на перформанси. тоа пто има плин не можеш да го наплатиш дополнително, тоа што има голем сервис исто така, и дошол ред си ја сервисирал. Види колку се движат сите, цените им се најверојатно 1000еур плус од реалната најди се некаде на средина огласи и на првиот што ќе ти дојде дај ја. После тоа ќе ти биде криво затоа што никогаш нема да ја добиеш таа цена. Секако нема да изгубиш затоа што си ја купил евтино пред короната. Ако сакаш да си ќар и да си ги наплатиш тие 7год користење, големиот сервис итн итн требало да ја користиш за работа. Стави ја ти и 11500 како што доби совет, ќе залегне на оглас, ќе стои со месеци, ќе се продае на крај за 8000.

Едит: Секое едно нешто вреди онолку колку што е спремен да плати некој за него.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Само октавија после 5-6 години се продава поскапо него цената што била нова, за другите брендови и модели не важи тоа.. џабе корона војни инфлации и сл..