Ве прашувам за најпријателски совет да ми кажете што вие би направиле.
Сакам да продадам Citroen C3 1.2 Puretech 82ks Купен во Македонија, 2019 година е возилото, има поминато 40.000км, направен голем сервис во автонова пред 6 месеци платен 27.000 ден. Има плински уред во Плимонт вграден Landirenzo EVO, ми рекоа дека тој е најдобриот и најскап беше, два сета НОВИ и летни и зимски гуми од лани. Сакам да купам поголема кола, ама не сум во брзање да го продадам цитроенот, дури и да не го купи некој немам проблем да го возам уште 1-2 години, баш се чувствува како нова кола, најредовно сервисирана и чувана. Па би сакал да и извадам фер цена, и не ми се брза, што мислите колку е оптимална сума за да сум задоволен и да не ми е криво дека сум ја продал?