Автор Тема: Совет за продажба  (Прочитано 4187 пати)

Отсутен Chovek321

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Совет за продажба
« на: 18 Јуни 2026, 23:09:49 pm »
Ве прашувам за најпријателски совет да ми кажете што вие би направиле.
« Последно менување: 22 Јуни 2026, 12:55:12 pm Chovek321 »

Отсутен German_guy

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Одг: Совет за продажба
« Одговори #1 на: 19 Јуни 2026, 00:08:07 am »
Според мене јас мислам да го разгледаш пазарот кај нас од аспект на тоа како се движат тие коли со цена и самиот да си процениш дали таа сума ти одговара или не. Како што видов на реклама 5 се движат од 7500 до 9500 некаде, но ќе нагласам има разлика помеѓу една и друга кола од аспект на колку е редовно одржавана, каква опрема поседува, дали има потреба од голем сервис во наредните xxxx км и каква му е состојбата лимариски. Исто така истражи си колку се reliable тие мотори и според тоа можеш да сумираш и да си донесиш твоја одлука, дали да ја задржиш колата уште некоја година или сега да ја продадеш.

Отсутен Chovek321

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Совет за продажба
« Одговори #2 на: 19 Јуни 2026, 09:39:04 am »
Гледам ги продаваат и по 10.500 и тоа со 160.000 поминати, е сега дали им ги купуваат по таа цена е сосема друга работа :)

Искрено не се разбирам многу во коли,затоа и истражувањето по интернет некогаш и џабе ми е :) ама знам колку имам вложено и колку е чувана. Со голем сервис, плин и два сета гуми буквално немаш никакви грижи доколку ти треба градска кола.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1488
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Совет за продажба
« Одговори #3 на: 19 Јуни 2026, 09:58:57 am »
Едно е пазарна вредност, друго е колку е чувана. Може и под стаклено звоно да била, ама годината и пазарот си го праи своето.
Кола добро чувана и одржувана постига реална цена кај близок кој ти верува, се разбира ако тој истиот му треба баш таков тип на возило.
Се друго е пазарана вредност. Секако, при продажба губиш.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3497
  • Хюндай Тюсон
Одг: Совет за продажба
« Одговори #4 на: 19 Јуни 2026, 10:09:24 am »
И најчувана да е го носи 1.2 пуретек моторот на стелантис. Тоа ги скратува потенцијалните купувачи за едно 90 проценти.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Совет за продажба
« Одговори #5 на: 19 Јуни 2026, 11:15:09 am »
И најчувана да е го носи 1.2 пуретек моторот на стелантис. Тоа ги скратува потенцијалните купувачи за едно 90 проценти.
Добро толку е проблематичен тој мотор дури и ако редовно се одржава и менува мислам тој каиш во уљето внатре навреме (мислам тоа им беше главен потенцијален проблем)?

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7801
  • French diamond
Одг: Совет за продажба
« Одговори #6 на: 19 Јуни 2026, 11:51:17 am »
Јас имам оваа недела баш обука за мотори и од "meister-от", значи човек со големо познавање во неговата струка отворено ни беше кажано, бегајте од мотори со каиш во маслото. И да не се скини каишот, голема е веројатноста дека ќе се затни маслената пумпа од абењето на каишот и ќе зариба моторот. Значи и да се скини каишот и да не се скини, во двата случаи со е*ан    ;D

Исто и TSI со деактивирање на цилиндрите, дури е нов е добар, после не баш.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18141
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Совет за продажба
« Одговори #7 на: 19 Јуни 2026, 12:16:11 pm »
И најчувана да е го носи 1.2 пуретек моторот на стелантис. Тоа ги скратува потенцијалните купувачи за едно 90 проценти.
Добро толку е проблематичен тој мотор дури и ако редовно се одржава и менува мислам тој каиш во уљето внатре навреме (мислам тоа им беше главен потенцијален проблем)?

Проблемот е што нема правила.

Може да тера и 100.000 километри, а може да тера и 15.000 и да почне да се распаѓа.

Не е страшно да се менува редовно ама е 500 евра операција во специјализиран сервис, бидејќи маалски сервис не ти го пипа тој мотор со 3 метра стап.

Секако, бидејќи е каиш во масло, моторот треба соодветно да се задихтува при склопување, па да го чекаш да исуши пред да продолжиш да работиш и да ја ослободиш колата од сервис.

И финално, дури и да тераш некој скратен интервал на замена, каишот може да почне да се распаѓа во меѓувреме и да почне да ја затнува пумпата за масло, и да ти го рокне моторот пред да стигнеш да смениш каиш и задолжително да ја исчистиш.

Мотори со каиш во масло се темпирана бомба и уште еден доказ дека производителите не ги слушаат потрошувачите, туку само акционерите и управата.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2905
Одг: Совет за продажба
« Одговори #8 на: 19 Јуни 2026, 12:25:32 pm »
@Chovek321 Не е лошо да провериш во овластениот сервис кај што ја сервисираш, дали ти следува кит за промена од каиш на ланец, нешто во склоп на гаранција
Своерачен потпис ;)

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1263
Одг: Совет за продажба
« Одговори #9 на: 19 Јуни 2026, 15:37:26 pm »
Не ја продавајчувај јакако второ возило. Нема да постигнеш цена.  Да бесе со турбо мотор друго ќе беше.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34526
  • Таков е животот... јебига
Одг: Совет за продажба
« Одговори #10 на: 19 Јуни 2026, 17:49:11 pm »
Добро толку е проблематичен тој мотор дури и ако редовно се одржава и менува мислам тој каиш во уљето внатре навреме (мислам тоа им беше главен потенцијален проблем)?
Ма јок. ДОбар си е моторот само си сака одржување, менување на каиш еднаш во 6 години и тоа е тоа. Башка овој е на плин, па oil dilution треба да не е проблем и каишот да издржи екстра.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6392
Одг: Совет за продажба
« Одговори #11 на: 19 Јуни 2026, 17:58:08 pm »
Да се отарасиш со време дури е исправна ти е најдобра одлука.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Chovek321

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Совет за продажба
« Одговори #12 на: 19 Јуни 2026, 18:26:49 pm »
Сменет е каишот во масло, направен е во Автонова сервисот пред 7 месеци, затоа не сакам да ја продадам колку да ја продадам :)

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7187
  • Бенве сие бенве
Одг: Совет за продажба
« Одговори #13 на: 19 Јуни 2026, 20:03:15 pm »
Земав да коментирам, ќе звучеше арогантно. Исходот ми е познат, ќе отиде колата без пари.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Chovek321

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Совет за продажба
« Одговори #14 на: 19 Јуни 2026, 21:15:08 pm »
Земав да коментирам, ќе звучеше арогантно. Исходот ми е познат, ќе отиде колата без пари.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Е кажи де друже:)