И најчувана да е го носи 1.2 пуретек моторот на стелантис. Тоа ги скратува потенцијалните купувачи за едно 90 проценти.
Добро толку е проблематичен тој мотор дури и ако редовно се одржава и менува мислам тој каиш во уљето внатре навреме (мислам тоа им беше главен потенцијален проблем)?
Проблемот е што нема правила.
Може да тера и 100.000 километри, а може да тера и 15.000 и да почне да се распаѓа.
Не е страшно да се менува редовно ама е 500 евра операција во специјализиран сервис, бидејќи маалски сервис не ти го пипа тој мотор со 3 метра стап.
Секако, бидејќи е каиш во масло, моторот треба соодветно да се задихтува при склопување, па да го чекаш да исуши пред да продолжиш да работиш и да ја ослободиш колата од сервис.
И финално, дури и да тераш некој скратен интервал на замена, каишот може да почне да се распаѓа во меѓувреме и да почне да ја затнува пумпата за масло, и да ти го рокне моторот пред да стигнеш да смениш каиш и задолжително да ја исчистиш.
Мотори со каиш во масло се темпирана бомба и уште еден доказ дека производителите не ги слушаат потрошувачите, туку само акционерите и управата.