Денеска имаше официјално соопштени за ова.
Попладне ќе има на медиумите кои беа присутни.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ
Промоција на новите УЛТРА горива на „Макпетрол“
28.12. 2012
„Макпетрол“ е присутен на пазарот на нафтени деривати веќе 65 години и затоа може да се каже дека „одамна се познаваме“. Нашата стратегија на која интензивно работиме е со сопствени напори и средства да обезбедиме
модерно опремена технолошка линија за набавка, складирање и транспорт на квалитетни горива до крајните корисници на нашите малопродажни објекти.
Само исполнувањето на сите овие услови, без исклучок, може да гарантира испорака на квалитетен производ во возилата на
потрошувачите.
Познавањата на светските трендови од областа на развојот на високоекономични и високоперформансни горива, како и нашата
соработката со водечките реномирани куќи за производство на адитиви за подобрување на експлоатационите својства на горивата ни овозможија да дизајнираме сопствена фамилија горива под називот: УЛТРА.
Горивата од оваа фамилија се адитивирани со посебни високоперформансни адитиви со што се добиваат особини приспособени за современиот
пазар на моторни возила. Направен е оптимален спој што обединува три барања од секое гориво, а тоа се приспособеност кон перформансите
на возилото, заштита на моторот на возилото и намалување на емисијата штетни издувни гасови. Притоа, донесовме одлука оперативните
трошоци за сите овие подобрувања да не бидат на товар на потрошувачите, што значи дека новите горива ќе се пласираат до потрошувачите
по иста цена како и нивните претходни еквиваленти.
Бензинот ULTRA 100S е високооктанско гориво наменето
за современите и моќни возила.
Неговата првична намена е целосно искористување на проектираните перформанси на возилата, а тоа, пред сé, значи зголемена моќност и стартност на возилото. Овој вид гориво, во комбинација со специјалниот
адитив што се користи за истото, овозможува добивање максимални перформанси на возилото, наедно, заштитувајќи ги моторот
и животната средина. Оттаму и додавката С во називот на горивото што асоцира на стартност, спортски начин на возење, супер перформанси
итн.
Горивото ULTRA 95+ е гориво адитивирано со адитиви што ја зголемуваат економичноста на возила од средна класа и, пред сé, е наменето за возачи и возила што претпочитаат умерен стил на возење. Оттаму и додавката + во
називот на горивото што асоцира на плус заштеда, плус поминати километри со исто количество гориво итн.
Горивото ULTRA DIESEL JET е ултрачисто и ултраекономично гориво добиено преку технолошка постапка на двојна филтрација низ филтри што, според своите преформанси и конструкција се идентични со филтрите што се користат за филтрација на авионското гориво. Специјалните адитиви со кои дополнително се адитивира ова гориво овозможуваат подобро согорување и со тоа намалена потрошувачка и зголемена моќност на моторот, моторот работи потивко и помирно и се продолжува неговиот век на траење.
Сите овие горива ги задоволуваат важечките европски и македонски стандарди за квалитет,како и Правилникот за квалитет на течните
горива. Квалитетот редовно, секојдневно се проверува од страна на Лабораторијата на „Макпетрол“ АД што e акредитирана од Институтот за акредитација на Р. Македонија, како и од Англиското акредитационо тело UKAS.
УЛТРА горивата се веќе достапни на сите бензински станици на „Макпетрол“, со исклучок на УЛТРА ДИЗЕЛ ЏЕТ горивото што во првата
фаза е достапно на нешто повеќе од 20-тина бензински станици каде што е видно означено. Во догледно време истото ќе биде достапно
на поголемиот дел бензински станици на „Макпетрол“.