Не сум запрал на МП да видам пошто полнам од Лук, каков е овој Ултра Џет дизел?
Разлика меѓу Еуродизел и Оној бостиранион Екто (демек) јас не сум осетил, ни на перформанси нит никој курац, единствено сум приметил дека за нијанса повеќе ми го троши, зошто навистина не ми е јасно?
Пред некое време пак наполнив чисто да видам дали првите неколку резервоара што ги извозев било сугестивно чуство дека повеќе ми троши, иако мерев потрошувачка од полнење на полнење. Сите ме убедуваа да си ставам од тој дизел а не од еуродизлеот и еве пак сега еве веќе втор резервоар сум при крај со Екто и дефинтивно побрзо го троши. Не многу од 0,3 до 0,5 л на сто ама се приметува. вториов резервоар еве само на отворено скоро ќе го мавнам цел а поминав досега 630 Км и ќе поминам уште максимум 150 км пред да наточам како и стално од 45 до 50 литри гориво, значи неполни 800 км горе доле да речеме со 50 литра што изнесува отприлика 6,42 што е многу за 90% извозени километри на отворен пат.
Обично на отворено е секогаш просечната на крај испод 6 литри кај мене со ни малку нежно возење (скоро никогаш испод 140 на автопат).
Ќе полнам пред НГ уште еден резервоар па баш ќе видам точно колку ќе биде и ќе пишам со слики, нормално.
Значи дајте мислење за Ултра џетов ако мислите дека е добар, во смилса да е чист и да е поблсику до европските норми, за брзини и перформанси има чип тјунинг кај маршер и рево чип кој сака.
