Автор Тема: Нови горива во Макпетрол  (Прочитано 53180 пати)

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4018
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #60 на: 28 Декември 2011, 13:07:42 pm »
Не сум запрал на МП да видам пошто полнам од Лук, каков е овој Ултра Џет дизел?

Разлика меѓу Еуродизел и Оној бостиранион Екто (демек) јас не сум осетил, ни на перформанси нит никој курац, единствено сум приметил дека за нијанса повеќе ми го троши, зошто навистина не ми е јасно?

Пред некое време пак наполнив чисто да видам дали првите неколку резервоара што ги извозев било сугестивно  чуство дека повеќе ми троши, иако мерев потрошувачка од полнење на полнење. Сите ме убедуваа да си ставам од тој дизел а не од еуродизлеот и еве пак сега еве веќе втор резервоар сум при крај со Екто и дефинтивно побрзо го троши. Не многу од 0,3 до 0,5 л на сто ама се приметува. вториов резервоар еве само на отворено скоро ќе го мавнам цел а поминав досега 630 Км и ќе поминам уште максимум 150 км пред да наточам како и стално од 45 до 50 литри гориво, значи неполни 800 км горе доле да речеме со 50 литра што изнесува отприлика 6,42 што е многу за 90% извозени километри на отворен пат.
Обично на отворено е секогаш просечната на крај испод 6 литри кај мене со ни малку нежно возење (скоро никогаш испод 140 на автопат).

Ќе полнам пред НГ уште еден резервоар па баш ќе видам точно колку ќе биде и ќе пишам со слики, нормално.
Значи дајте мислење за Ултра џетов ако мислите дека е добар, во смилса да е чист и да е поблсику до европските норми, за брзини и перформанси има чип тјунинг кај маршер и рево чип кој сака. :)

Истото се случи и  на Пунто Ево дизел, па  од тогаш само макпетрол и си троши помалку.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #61 на: 28 Декември 2011, 13:10:28 pm »

Истото се случи и  на Пунто Ево дизел, па  од тогаш само макпетрол и си троши помалку.

Следно полнење дефинитивно ќе биде МП и дефинитвно утре или најкасно другиден пошо планирам утре да го дотрошам ова што го имам у кола.

Баш ме интересира како ќе биде со потрошувачка, иако мислам дека еден резервоар е премалку за да се утврди и според мене најмалку три полни треба да се извозат во најразлични услови па да се извади просек и да се виси шо ќе каже?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #62 на: 28 Декември 2011, 13:13:22 pm »
јас не би рекол ако ставиш 95ка и 100ка со октан бустер исто ќе се понаша колата ..... имам пробано барем со октан бустер колата ДА работи немирно али одзивот на гаста каде каде е подобар и е по жива ...
Можеби во 100-тката има и нешто повеќе отколку само повеќе октани па така ти се чини. Инаку зошто би била колата пожива со само 5 октани повеќе? Октаните служат за заштита од предвремена експлозија а не за поголема калоричност на горивото.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #63 на: 28 Декември 2011, 13:18:55 pm »
да го најде некој клипчето од 5th Gear мислам беше каде што тестираа со различни горива на неколку возила, па  да види еве овде секој дали всушност има некоја разлика на возилата кои ние ги возиме.

барем на мојава кола 1.4 нема никаква разлика и во Грчка имам ставано 100ка и Shell V-power и се, 85кс е малце исти курац

е сега со Golf GTI сигурно би имало некоја разлика ама колку од нас овде имаат вакви возила 3, 4ца

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #64 на: 28 Декември 2011, 13:20:53 pm »
Со витаминот од многу различни места имав поленто гориво кога одев по странство и единствено што се приметуваше беше малку поразличен звук на моторот (може и сугестивно) а потрошувачката секогаш си беше топ! Over the top...! :D

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #65 на: 28 Декември 2011, 13:22:45 pm »
да го најде некој клипчето од 5th Gear мислам беше каде што тестираа со различни горива на неколку возила, па  да види еве овде секој дали всушност има некоја разлика на возилата кои ние ги возиме.

барем на мојава кола 1.4 нема никаква разлика и во Грчка имам ставано 100ка и Shell V-power и се, 85кс е малце исти курац

е сега со Golf GTI сигурно би имало некоја разлика ама колку од нас овде имаат вакви возила 3, 4ца

имаме веќе коментирано за ова да не ја труеме темава ... кој осеча осеча кој не следечи пут :) :) :) :)

Отсутен gorco

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #66 на: 28 Декември 2011, 15:06:41 pm »
Денеска имаше официјално соопштени за ова.
Попладне ќе има на медиумите кои беа присутни.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ
Промоција на новите УЛТРА горива на „Макпетрол“
28.12. 2012




„Макпетрол“ е присутен на пазарот на нафтени деривати веќе 65 години и затоа може да се каже дека „одамна се познаваме“. Нашата стратегија на која интензивно работиме е со сопствени напори и средства да обезбедиме
модерно опремена технолошка линија за набавка, складирање и транспорт на квалитетни горива до крајните корисници на нашите малопродажни објекти.
Само исполнувањето на сите овие услови, без исклучок, може да гарантира испорака на квалитетен производ во возилата на
потрошувачите.

Познавањата на светските трендови од областа на развојот на високоекономични и високоперформансни горива, како и нашата
соработката со водечките реномирани куќи за производство на адитиви за подобрување на експлоатационите својства на горивата ни овозможија да дизајнираме сопствена фамилија горива под називот: УЛТРА.

Горивата од оваа фамилија се адитивирани со посебни високоперформансни адитиви со што се добиваат особини приспособени за современиот
пазар на моторни возила. Направен е оптимален спој што обединува три барања од секое гориво, а тоа се приспособеност кон перформансите
на возилото, заштита на моторот на возилото и намалување на емисијата штетни издувни гасови. Притоа, донесовме одлука оперативните
трошоци за сите овие подобрувања да не бидат на товар на потрошувачите, што значи дека новите горива ќе се пласираат до потрошувачите
по иста цена како и нивните претходни еквиваленти.

Бензинот ULTRA 100S е високооктанско гориво наменето
за современите и моќни возила.
Неговата првична намена е целосно искористување на проектираните перформанси на возилата, а тоа, пред сé, значи зголемена моќност и стартност на возилото. Овој вид гориво, во комбинација со специјалниот
адитив што се користи за истото, овозможува добивање максимални перформанси на возилото, наедно, заштитувајќи ги моторот
и животната средина. Оттаму и додавката С во називот на горивото што асоцира на стартност, спортски начин на возење, супер перформанси
итн.

Горивото ULTRA 95+ е гориво адитивирано со адитиви што ја зголемуваат економичноста на возила од средна класа и, пред сé, е наменето за возачи и возила што претпочитаат умерен стил на возење. Оттаму и додавката + во
називот на горивото што асоцира на плус заштеда, плус поминати километри со исто количество гориво итн.

Горивото ULTRA DIESEL JET е ултрачисто и ултраекономично гориво добиено преку технолошка постапка на двојна филтрација низ филтри што, според своите преформанси и конструкција се идентични со филтрите што се користат за филтрација на авионското гориво. Специјалните адитиви со кои дополнително се адитивира ова гориво овозможуваат подобро согорување и со тоа намалена потрошувачка и зголемена моќност на моторот, моторот работи потивко и помирно и се продолжува неговиот век на траење.

Сите овие горива ги задоволуваат важечките европски и македонски стандарди за квалитет,како и Правилникот за квалитет на течните
горива. Квалитетот редовно, секојдневно се проверува од страна на Лабораторијата на „Макпетрол“ АД што e акредитирана од Институтот за акредитација на Р. Македонија, како и од Англиското акредитационо тело UKAS.

УЛТРА горивата се веќе достапни на сите бензински станици на „Макпетрол“, со исклучок на УЛТРА ДИЗЕЛ ЏЕТ горивото што во првата
фаза е достапно на нешто повеќе од 20-тина бензински станици каде што е видно означено. Во догледно време истото ќе биде достапно
на поголемиот дел бензински станици на „Макпетрол“.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #67 на: 28 Декември 2011, 15:17:32 pm »
Бла бла бла, драпај си меот...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #68 на: 28 Декември 2011, 15:21:23 pm »
Тоа е муабетот во 98% од соопштенија за медиуми... „Драпање мев“ :D
Ќе видиме во реалност дали и колку ќе се покажат на дело. Ја би рекол дека редно време беше да направат нешто, пошто мислам дека Лукоил ги искина со ЕКТО горивата...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #69 на: 28 Декември 2011, 15:22:27 pm »
мене ме интересира дали без адитиви на светот постои квалитетно гориво, бидејки и Лук оил и МП додаваат адитиви на горивата за да им бидат по "светски стандарди"

Бла бла бла, драпај си меот...

баш така, на западу ништа ново, фала им многу што они ке влезат во трошок за македонските граѓани. Ех за профит сите г'з ке дадат а овие ни давале поклон, ах бре македонче

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #70 на: 28 Декември 2011, 15:45:47 pm »
Абе луѓе луѓе. Кукате плачете лошо гориво, одговори Макпетрол со подобрување и ај сега ............

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #71 на: 28 Декември 2011, 16:51:01 pm »
Абе луѓе луѓе. Кукате плачете лошо гориво, одговори Макпетрол со подобрување и ај сега ............
па ние ваљда викаме дека уште е лошо ;D

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #72 на: 28 Декември 2011, 16:55:31 pm »
Јас сум веќе тргнат да наполнам 100ка на моиве 155кс,па да видам како ќе го испие,мојава пие во зимо сега и до 20 литри на 100км,додека да загрее,потоа градска држи 15литри просек,ќе истестирам и ќе информирам што се случи

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #73 на: 28 Декември 2011, 16:58:56 pm »
Јас сум веќе тргнат да наполнам 100ка на моиве 155кс,па да видам како ќе го испие,мојава пие во зимо сега и до 20 литри на 100км,додека да загрее,потоа градска држи 15литри просек,ќе истестирам и ќе информирам што се случи

Што локомотива имаше ти Круп или Виндхоф?

Отсутен The Boy Next Door

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
  • Pug 205 GTI - the drive of your life !
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #74 на: 28 Декември 2011, 17:06:44 pm »
Јас сум веќе тргнат да наполнам 100ка на моиве 155кс,па да видам како ќе го испие,мојава пие во зимо сега и до 20 литри на 100км,додека да загрее,потоа градска држи 15литри просек,ќе истестирам и ќе информирам што се случи

Лелееее абе ти си бил без осет,е затоа после немало гориво,се помалку и ово оно,од таквите како тебе. :D :D :D

Мало смо се шалили. ;D
Не возам брзо, ниско летам.