Се спремам за поголем захфат во блиска иднина.
Ќе се мењаат повеќе работи, па совет и мислење доколку пропуштам нешто, би биле добредојдени.
Ќе се мења следново:
- двете полуосовини со се зглобови (GSP)
- семеринзи
- масло во мењач, целам на Castrol Transmax Manual Multivehicle 75W-90 (2L)
- предни спирали KYB
- буфери со лагери исто KYB
- предни стабилизатори febi
Не сум сигурен за овој момент тука, да не треба да се додаде нешто плус околу спиралите (гумени подлошки и слично)...
- филтер за масло, клима и воздух
- масло, најверојатно Shell Helix Ultra 5w40.
Дополнително, викендов ќе се монтираат најверојатно зисмките бандажи со гуми. Па ќе треба да зеам раткапни (од оригиналните иам 3, четвртата е од Рено, а не верувам дека ќе најдам само една иста). И ќе треба да си зеам ланци.
Во меѓувреме, последниов месец ја возам 99% на бензин, и без клима нели... Па скоро и да го нема проблемот P0420. Или адитивот за катализатор си ја завршил работата, или ќе да треба некое штелување за плинот...
Шетавме до Банско пред некој викенд, 8.6л на 100км, на плин. Бев и се вратив со една боца, и кусур 2 дена низ град терав. Цел резервар бензин ми остана, па искористив така да ја возам периодов...
И така...
Sent from my Xiaomi 17T
