Класен можеби глупо е прашањево ама не ми е баш јасно.
Возиш на автопат каде да речеме троши 20 кв за 100 км при брзина од 120 км/ч, ја истрошиш батеријата за 100 км, дали бензискиот мотор може да ја надополнува батеријата со тој капацитет за да можеш непрекинато да продолжиш да возиш со 120 км/ч, ?
Без никаков проблем. Системот ќе си пресмета колку треба да полни за да дополнува или да одржи ниво на батерија, или како и да мисли дека е најдобро.
Додека ја возев колата намерно не ја полнев, за да видам како ќе се однесува со „празна“ батерија. Во суштина, никогаш не стига да биде празна-празна. Ако е во хибриден режим ставена колата, тогаш генераторот секако ќе почне да си дополнува и пред да е празна батеријата и секогаш ги имаш перформансите.
Веројатно затоа и максималната брзина е до 160 односно тука некаде е лимитот до кој бензинскиот може да дополнува.
Мислам дека улога игра и 1-брзинскиот пренос.
@kalimero И јас прашав за дообјаснување ради тоа што после, а и во тестот е пишано дека бензинскиот мотор не е врзан на погонот, сега излегува дека е.
Интересно е ако успева да ја дополнува батеријата на сред возење доволно јако за да се придвижува само на струја.
Ако префлра на бензин тогаш вожњата ќе е пес, огромно возило, умрен атмосверец од 100 коња упариран со Cvt = суицид.
Не е поврзан генераторот со тркалата. Тркалата ги движи исклучиво електромоторот. Никогаш не „префла на бензин“. Не е или-или.
Не знам колку би било тоа ефикасно, некако не ми стои дека можеш да крузаш со 120км/ч откако ќе се потроши батеријата. Ако возиш 120км/ч и се потроши батеријата значи брзината мора драстично да падне, инаку зошто би се трошела батеријата ако моторот може да произведе толку струја во континуитет. Би бимало повеќе логика да има +CVT па моторот да ги врти и тркалата и генераторот.
Еве,
@bramovsk објасни најпластично. Генераторот може да произведе максимални 77 kW. Секако не произведува цело време 77 kW, туку Колку Што Треба за да ја дополни батеријата. А за возење 120-130 потребно е пола од тоа.
Ако тепам 150 пуна, батеријата ќе надополнува тоа што генераторот не може да го испорача, и тогаш таа нема да се испразни за 150км пошто не ја цедиш само неа и ќе ти даде (тресам) 600-700 км допуна на она што гнераторот не стига да го произведе во моментот.
Плус, би додал дека сигурно нема 150 да цепаш 600-700 километри нон стоп.
Едит: Да додадам. Грешката што многу луѓе ја прават е дека го гледаат како е бензинец со електромотор. Не. Ова е електрично возило кое си носи генераторче за струја. Не е плаг-ин хибрид (иако може да се смета за тоа), не е хибриден бензинец. Нема менувач, пренос, итн. Нема ништо такво што би правело паразитски загуби.
Гледајте го како електрично возило кое носи супер-ефикасен генератор.
Еве видео од кинезите директ.