Автор Тема: Тојота Корола1.5 (M15AFKS)  (Прочитано 4001 пати)

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7257
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Тојота Корола1.5 (M15AFKS)
« Одговори #30 на: 18 Октомври 2026, 15:58:22 pm »
Извини не те разбрав. Дали колата ја увезе?
Инаку конкретно оваа кола (не знам твојата дали е караван) во овој пакет на опрема + бандажи и боја ми е преубава дури и во караван верзија (мразам каравани, само волво доаѓа во предвид и оваа корола).
Toyota Corolla 2.0 Hybrid GR Sport 2022

Отсутен lawyer204

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 66
Одг: Тојота Корола1.5 (M15AFKS)
« Одговори #31 на: 19 Октомври 2026, 00:22:27 am »
Кожен волан има добра страна што колку ти е поиспотена раката, подобро лепи. А и со одржувањето не било некој проблем, кај Алфата 156 почна да се лупи после 20 години, дали 2-3 пати бил заштитуван, сега со БМВ уште не сум почнал да ги заштитувам, едното е кај мене 8 години другото 2.  За страт/стопот и другите предупредувања (тие се досадни занм, и зет ми зеде Корола 2025) веројатно има приватници програмери или фирма низ Ск. која тоа би ти го решиле за шаку долара. Не знам како е за Тојото, за БМВ има ефтини апп. по 60-тина долари со кои подесуваш се што сакаш, на пр.дали жмигавецот ќе ти трепне 2, 3 или 4 пати :)  Веројатно и за Тојотите име слични работи.  Туку, всушност и нема што да жалиш, си зел ауто по твој ќеиф, а нормално одржувана Тојота со 70.000 = нова кола.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7501
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Тојота Корола1.5 (M15AFKS)
« Одговори #32 на: 19 Октомври 2026, 07:36:06 am »
Најјака ми е замената на кожниот волан со гумен.
Знаев дека ќе се јавиш со малограѓански коментар, човек кој се срами да носи апостолки при подигање лк и се дотерува како за на свадба :P

Точно, па и тогаш го токмам терминот, тие пред затворање а јас во Петок оттаму на свадба.

Апостолките ми се за бостанот наводнување, бразди да тргам и да ја носам водата до огништата.
Ако не ја истријам калта од петици после дома од бетонот зарем сум сработил нешто?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10634
Одг: Тојота Корола1.5 (M15AFKS)
« Одговори #33 на: 19 Октомври 2026, 08:55:26 am »


Еве слика, ваљда успешно прикачив.
Сеуште ја немам перено, раат со оваа боја.
Со Белата боја знаев дека ме чека робување, но не одолеав бидејки многу убаво и лежеше, а онаа како керамида што првично ја сакав  ја немаа на лагер.

Што се однесува до воланот, на времето, за Југото, со голем мерак купив кожен трокрак спортски волан Raid. 500 марки го платив, ко божем квалитетна кожа. За помалку од 2 години кожата почна да се лупи и да ми остава црно на рацете. Нема поодвратно нешто, и морав на крај да го замотан со гумен опинок за волан, оној со перфорации и што се плетеше.
Такви состојби на кожни волани се изнагледав на многу коли и немам нерви повторно да поминувам низ истото. Дури и да не почне да се лупи, неубаво ми изгледа кога ќе почне да губи мат изглед и почне да добива патина.
Гумата каква е денес, таква ќе биде и за 20 години без одржување.

Сепак, воланот не ми беше главна причина, онака, само бонус за безгрижност.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10634
Одг: Тојота Корола1.5 (M15AFKS)
« Одговори #34 на: 19 Октомври 2026, 08:56:29 am »
Најјака ми е замената на кожниот волан со гумен.
Знаев дека ќе се јавиш со малограѓански коментар, човек кој се срами да носи апостолки при подигање лк и се дотерува како за на свадба :P

Точно, па и тогаш го токмам терминот, тие пред затворање а јас во Петок оттаму на свадба.

Апостолките ми се за бостанот наводнување, бразди да тргам и да ја носам водата до огништата.
Ако не ја истријам калта од петици после дома од бетонот зарем сум сработил нешто?
I love you man ;)

Отсутен Filip MK

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3027
Одг: Тојота Корола1.5 (M15AFKS)
« Одговори #35 на: 19 Октомври 2026, 09:02:04 am »
Важно е да се угоде и да те прави задоволен. Оваа Корола е со истиот мотор 1,5 или некоја верзија на 2,0? Тука е земена и оваа „поновата“ сивата?
Своерачен потпис ;)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10634
Одг: Тојота Корола1.5 (M15AFKS)
« Одговори #36 на: 19 Октомври 2026, 09:20:56 am »
1.5 е моторот и од тука е.

2.0 возев во US и таму немаат ЕУ драпаници од регулативи.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30929
    • CARclub.mk
Одг: Тојота Корола1.5 (M15AFKS)
« Одговори #37 на: 19 Октомври 2026, 09:53:17 am »
Ќе се дрзнам да искоментирам за долготрајноста на гумениот волан. Баш мислам дека гумата побрзо и позабележливо ќе деградира во однос на кожа. Гумата со време си тера хемиски процес и со време ќе почне да се распаѓа, да се рони или да станува леплива. Особено ако колата стои на сонце.

Ама океј, ако мислиш дека ќе тера подолго, океј.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7257
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Тојота Корола1.5 (M15AFKS)
« Одговори #38 на: 19 Октомври 2026, 10:03:15 am »
Зависи како се вози и одржува. Комбето службено што го возам јас е со кожен волан и  менувач и бидејќи постојано сум со валкани и груби раце воланот е уништен по година ипол или неполни 100к км, другите комбиња имаат гумен волан кој е непријатен на рака, но нема точка иако имаат 4 години и 300к поминати. Астрата што ја имам е 1998ма год, па воланот е фабрика иако е гумен. Лексусот што го имам има кожен волан, па е скинат на неколку места.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Одг: Тојота Корола1.5 (M15AFKS)
« Одговори #39 на: 19 Октомври 2026, 10:06:41 am »
Секогаш може куртон на воланот да стави, со цветчиња на пример :D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9640
Одг: Тојота Корола1.5 (M15AFKS)
« Одговори #40 на: 19 Октомври 2026, 10:19:40 am »
Decki site si imame dijagnoza, nekoi samo se nepregledani 😂

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10634
Одг: Тојота Корола1.5 (M15AFKS)
« Одговори #41 на: 20 Октомври 2026, 09:29:51 am »
Зависи како се вози и одржува. Комбето службено што го возам јас е со кожен волан и  менувач и бидејќи постојано сум со валкани и груби раце воланот е уништен по година ипол или неполни 100к км, другите комбиња имаат гумен волан кој е непријатен на рака, но нема точка иако имаат 4 години и 300к поминати. Астрата што ја имам е 1998ма год, па воланот е фабрика иако е гумен. Лексусот што го имам има кожен волан, па е скинат на неколку места.
Види, не жалам јас ништо, само споделив што и зошто, е сега тоа што за некого е ерес тоа што сум го направил, па дијагнози итн.
Но да не се лажеме, кола со 70.000 е далеку од нова, тоа може само да каже некој кој не седнал во нова и директно да направи споредба помеѓу двете. Но најверојатно муабетот влече поради крнтиите со враќани километражи, па кога ќе возат кола со 70.000 имаат впечаток дека е ново.
Што се однесува до воланот, ене на i10 си е како првиот ден.
Кожниот си е одличен, не велам не, но побезгрижен сум со гумен, не бара никакви одржување, седни, вози.

Како и да е, направив мала жртва за раат со перманентно исклучени секакви звучни сигнали кои мене лично ми беа неподносливи бидејки сигурно се јавуваа по 15 пати за едно возење од 20 минути, уште глас на диспечер ми фалеше и да се чувствувам како на прометна метростаница.


Туку, имав мака со MyToyota апликацијата, појма немам и јас како на крај успеав да се регистрирам, државичево го нема да се селектира на изборно мени за добивање верификационен код на телефонот.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10634
Одг: Тојота Корола1.5 (M15AFKS)
« Одговори #42 на: 22 Октомври 2026, 11:49:31 am »
Врзав периодов чиста градска вожња после последното танкирање, па реков пред да се шета продолжениов викенд да документирам.




« Последно менување: 22 Октомври 2026, 11:55:48 am Mikius »