Зависи како се вози и одржува. Комбето службено што го возам јас е со кожен волан и менувач и бидејќи постојано сум со валкани и груби раце воланот е уништен по година ипол или неполни 100к км, другите комбиња имаат гумен волан кој е непријатен на рака, но нема точка иако имаат 4 години и 300к поминати. Астрата што ја имам е 1998ма год, па воланот е фабрика иако е гумен. Лексусот што го имам има кожен волан, па е скинат на неколку места.
Види, не жалам јас ништо, само споделив што и зошто, е сега тоа што за некого е ерес тоа што сум го направил, па дијагнози итн.
Но да не се лажеме, кола со 70.000 е далеку од нова, тоа може само да каже некој кој не седнал во нова и директно да направи споредба помеѓу двете. Но најверојатно муабетот влече поради крнтиите со враќани километражи, па кога ќе возат кола со 70.000 имаат впечаток дека е ново.
Што се однесува до воланот, ене на i10 си е како првиот ден.
Кожниот си е одличен, не велам не, но побезгрижен сум со гумен, не бара никакви одржување, седни, вози.
Како и да е, направив мала жртва за раат со перманентно исклучени секакви звучни сигнали кои мене лично ми беа неподносливи бидејки сигурно се јавуваа по 15 пати за едно возење од 20 минути, уште глас на диспечер ми фалеше и да се чувствувам како на прометна метростаница.
Туку, имав мака со MyToyota апликацијата, појма немам и јас како на крај успеав да се регистрирам, државичево го нема да се селектира на изборно мени за добивање верификационен код на телефонот.