Автор Тема: Совети за нова кола  (Прочитано 3106 пати)

Отсутен Nino

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Совети за нова кола
« Одговори #30 на: 28 Април 2026, 18:54:52 pm »
Разгледај што имаат јапанците на понуда, ама ако мора од листава ондак Karoq TSI.

Имаш ли препорака за која може од јапанските производители?

Отсутен Nino

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Совети за нова кола
« Одговори #31 на: 28 Април 2026, 18:55:51 pm »
Поздрав!
Сакам да купам нова кола па ми требаат совети од луѓе што се рабираат :).
Разгледував неколку коли:
Opel Frontera
MG ZS/ HS
Skoda Karoq/Kamiq
Renault Symbioz
Dacia Duster
Најбитно од се ми е да е аутоматик и големината на багажникот, бидејќи имам едно дете и очекувам уште едно.
Благодарам однапред!

Здраво Нино, разгледај ја и Ford Puma, стварно комплетно возило и прилично привлечно за фамилијарна кола.

Секако, ќе мораш да одиш и сите овие да ги видиш во живо - едно е да ги гледаш димензиите и да ги споредуваш, ама кога ќе имаш интеракција во живо со сите овие модели, ќе сфатиш како колите ти „зборуваат“. Пример една од колите може многу да нуди на хартија, ама некоја од другите да ти се допадне повеќе зошто ти дава повеќе доверба како е склопена и како се осеќаш внатре.

Фала за советот. Ја има еден пријател и он е истотака со 2 деца и не е многу задоволен :)

Отсутен Nino

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Совети за нова кола
« Одговори #32 на: 28 Април 2026, 18:56:54 pm »
Камик е претесен внатре, помал е од меганот што го возам, за со две деца мислам дека и карокот не е нешто мн поширок, ама барем има поголем багажник.
Јас би ги избегнал глупостите наречени сувови/ кренати хечови, сите се тесни внатре заради непотребно поголемиот простор околу тркала.
Поарно гледај нормално возило како на пример Октавиа.
Повеќе простор и удобност за сите патници ќе имаш х10 од сите останати на листата, Багажниот простор е исто повеќе од солиддно голем, вероватно поголем од  сите на листата.
Потрошувачката ќе ти е пониска оти не возиш џабе поткрената коцка туку нормално аеродинамично возило.
Разгледај да не има некоја старо за ново вратена.
Другар зема Пред некоја недела Октавија така вратена  старо за ново 2025 со 12000 км, 1.5тси Mhev Автоматик за прилично пониска цена.

Супер фала ти за советот

Отсутен Nino

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Совети за нова кола
« Одговори #33 на: 28 Април 2026, 18:58:14 pm »
Поздрав!
Сакам да купам нова кола па ми требаат совети од луѓе што се рабираат :).
Разгледував неколку коли:
Opel Frontera
MG ZS/ HS
Skoda Karoq/Kamiq
Renault Symbioz
Dacia Duster
Најбитно од се ми е да е аутоматик и големината на багажникот, бидејќи имам едно дете и очекувам уште едно.
Благодарам однапред!

Не знам колку е практично, знам само дека појак мотор од 102 КС не најдов, кошта околу 23-24.000 евра, али ќе ги надживее сите погоре наведени.







https://share.google/UZEggplN4LNaMON0c

Фала за советот другар, но мислам дека со деца подобро е да има 4 врати :)

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Совети за нова кола
« Одговори #34 на: 28 Април 2026, 19:02:17 pm »
Provozi go i C3 Aircross, dosta golemo vozilo za familijaren covek, doaga i so automatic.

Фала за советот. Дали случајно си запознаен како се со сервис и цена за одржување, дека сум слушал за француски коли се малку поспецифични

Како и секоја друга кола. Ако дадеш 25к ќе земеш автоматик хибрид со 145 кс и мотор на ланец, па го немаш озлогласениот потопен каиш. Сервисите им се сосема ок со цени, а и доста професионални во Македонија.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Одг: Совети за нова кола
« Одговори #35 на: 28 Април 2026, 21:27:14 pm »
Јас би препорачал и Мазда CX-30, беше одлична цена од 25к за бела боја ама се нешто излетаа, па сеа е 26к.

Geely Coolray веќе не го ност инаку интересен модел е.

Исто за 25.5к ја имаш и Киа ХЦеед, со автоматски к 1.5 ТБ, малкј застарен модел ама докажан.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2524
Одг: Совети за нова кола
« Одговори #36 на: 28 Април 2026, 22:10:23 pm »
Сузуки С Крос беше на акција за 25500 со металик, второ ниво на опрема и турбо бензинец мајлд хибрид. Ги има сите безбедносни системи вклучено и е генерално пристојно буџет возило. Јапанец е,  нема да имаш проблеми со кварови. Дизајнот е дискутабилен и е околу 4.3-4.4м, но Сузуки тера некој свој филм и е сместен во Ц- сегмент кросовер класа.

Има поплаки во однос на изолацијата, исто како и кај Тојота. Тоа се решава со добро расположение пред да тргнеш на пат, добро кафе, добро друштво и пронаоѓање спокој во фактот дека си возиш ново возило кое без проблем ќе те однесе секаде.

Со изолацијата сите се тука некаде, колку и да одредени лоби групи се обидуваат да наметнат поинаква слика.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6293
Одг: Совети за нова кола
« Одговори #37 на: 29 Април 2026, 08:39:03 am »
@kimi makedonski Седни ти во Форд Бронко речи дека е тесно внатре.
Ни црв ни туКсон имаше на листата.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3415
  • Хюндай Тюсон
Одг: Совети за нова кола
« Одговори #38 на: 29 Април 2026, 08:45:48 am »
Јас би ги избегнал глупостите наречени сувови/ кренати хечови, сите се тесни внатре заради непотребно поголемиот простор околу тркала.
Поарно гледај нормално возило како на пример Октавиа.

А октавија имаше на листата? За другар прашувам.