Камик е претесен внатре, помал е од меганот што го возам, за со две деца мислам дека и карокот не е нешто мн поширок, ама барем има поголем багажник.
Јас би ги избегнал глупостите наречени сувови/ кренати хечови, сите се тесни внатре заради непотребно поголемиот простор околу тркала.
Поарно гледај нормално возило како на пример Октавиа.
Повеќе простор и удобност за сите патници ќе имаш х10 од сите останати на листата, Багажниот простор е исто повеќе од солиддно голем, вероватно поголем од сите на листата.
Потрошувачката ќе ти е пониска оти не возиш џабе поткрената коцка туку нормално аеродинамично возило.
Разгледај да не има некоја старо за ново вратена.
Другар зема Пред некоја недела Октавија така вратена старо за ново 2025 со 12000 км, 1.5тси Mhev Автоматик за прилично пониска цена.