Јас го имам веќе неколку години, го купив нов од Миркат. Џипот е лудило на шасија е, издржува сè и оди каде што сакаш, без разлика дали има пат или нема. Тука нема збор. Без разлика какви гуми ќе ставиш Dunlop, Toyo или BF Goodrich кога ќе излезеш на асфалт има бучава, горе-долу не е баш за долги релации но се навикнува човек ја утрнав. Не дека нема да оди, кој како милува. Мене ми ја врши работата ама заморува ко да си копал на нива после 150 км возење , возилово е претежно за црн пат за офф роуд пат со bf goodrich гуми на него небо му е граница.
И да кажам искрено ептен е скапа играчка, ама прави ќеф. Сервисот е многу евтин за вакво возило. Имам поминато околу 50.000 км со него и освен редовен сервис на 12–13 илјади км и глицерин, ништо друго немам сменето. мал сервис околу 100 евра, на секои втор се прави на преносите се менува масло на дефринцијал тогаш фати 150 евра тоа на 25илјади км.
Кој може да си го дозволи нека го купи, нема промашување. Вакво издржливо возило за планина, лош пат плус градски метеж е „тата мата“, а и за паркирање е одлично снаоѓање по џунглава. Реално е скапо, многу скапо… мене 23/4 к ми го дадоа кога го земав. Ама прави мерак чудна емоција е Џимито.