Две години е колата, без извештај,, рачунај уште 25/30 илјади годишно плус на тие 215.
Јас досега не сум видел ни едно возило со различна бројка на стакло фабрички. Сите ги менале од некоја причина.
Мене тоа ми е најголем ризик од све дека можи во тие две години шо не се на кар вертикал да ја здрвил здраво некој странично.
А сум видел уживо такви поправани, обично се примеруваат зависи од каросеристот и колку била здрвена, а некои и не.
Пред години пред зграда кај мене изгоре едно 7ма серија бмњ, тек тогаш се примети дека било прекршено во некоја бандера, имаше плочи гипсени околу колата од количината на кит и кровот беше со парчиња ламарини хефтани со швајц.
Едит: најдов само две слики али се гледа. Цел кров беше хефтан со парчиња, и купишта кит, исто имаше и плочи од кит на асвалтот од цела страна. Јас сум прилично пицајзла за гледање и не ја приметив никогаш дека била прекршена,очигледно Микеланџело со вајарски факултет бил каросеристот. Исто сум ја возел повеќе пати и тоа скоро колку шо и одеше, ништо не се примеќаше ни на такви брзини.

