Сепак - овошје е добро да се јаде - но во ограничени количини, и секогаш кога можеш јади го целото, не цеден сок.
Грешката што ја прават луѓе е - ќе изедат две кила портокал и мислат дека здраво јаделе. Уствари телото ќе апсорбира витамини онолку колку што му треба, другото ќе го исфрли, а ќе внесеш едно чудо шеќер. Едно-две парчиња сезонско овошје на ден се сосема доволни.
За цело наместо цедено напоменувам поради моментот дека кога ќе изедеш (испиеш де) да речеме 2-3 цедени портокали во една чаша сок, телото ќе апсорбира значително повеќе од шеќерот во однос на тоа кога би ги изел целите.