https://www.google.com/search?q=how+many+calories+calculator&oq=how+many+calories+calculator&aqs=chrome.0.0l6.8565j0j7&sourceid=chrome&ie=UTF-8Голема заблуда кај слабеењето е дека луѓето „незнаат“ ако не се во форма. За да бидеш во форма со стомачни мускули освен знаење (или хемиска помош) потребна е ОГРОМНА истрајност и ВОЉА за да не јадеш колку што ти се јаде, и да јадеш ствари кои не ти се јадат. Значи неможам доволно да потенцирам колку е важна дисциплината и вољата за слабеење. БАТАЛИ све друго.
Да скратам. Јас сакам да ослабам. Но, ми се јаде. Тука е проблемот. Ова е најозбилен моментален мој проблем со кој се соочувам, не дека го измислувам.
Значи ми се јаде пица и хамбургер, не ми се јаде брокула. ДА ЗНАМ, дека можам да јадам 5 пати повеќе брокула и да се осеќам најадено и дрн-дрн. Работата е што уста не ми се отвара за брокула. Или нешто такво безвезно што е за прехрана на добиток. Треба ВОЉА. Која јас ја немам на пример. Не е дека јас незнам што треба да јадам. Знам совршено дека треба да си спремам за на работа пола кило обарен брокула со салата од краставица. Ама несакам. Во-ља!
Ама он ваков е слаб е онаков е. Тикви е. Не јаде ништо. А под ништо сакам да кажам ништо што екшуали му се јаде. Туку е On a mission да ослабе. Тоа е работата. Не е до знаење, не е до јадење, до воља е. Воља да не си дозволиш да јадеш. Ништо веќе. Да заборавиш на храна еднаш засекогаш. И ќе ослабеш. Не е важен метаболизам, не е важно вежбање, ништо не е важно. Само да не буташ. Ама сакаш да буташ, епа тоа е проблемот. Ние сме програмирани да бутаме, а храната е попрекрасна од кога и да било! И си бутаме. Затоа е цел свет дебел.
Опциите ти се:
1. Да инјектираш супстанции кои на телото ќе му речат дека треба да ги става калориите во мускули а не во сало.
2. Или да заборавиш на вкусот на храна едно два месеца комплетно, и да јадеш само „чиста“ храна. Испод 1500 калории ако успееш. Мала салата за доручек, мала за вечера и мал ручек. Да умираш за јадење со други зборови.
3. Или да направиш од бог даден гастричен бајпас, кој ќе е процедурален за 30-40 години исто како вакцина што е сега за децава.
4. Или да земеш да јадеш земја, и такозвани сваштарии од кои уста не ти се отвара, камо ли да ги џвакаш. Салати, глупости, стекови и остало „чисто“ сваштарство.
Значи нема тука „знае“, нема тука „метаболизам“, нема тука „види го каков е“. Исто како што немало дебели по логорите во WW2. Не-ма тоа. Џабе се лажеме. Ние сме создадени 10 саат а у денот да бараме храна, која ја нема ни за лек, и да подзаприкснеме нешто колку да не умреме по еднаш-вапати во денот. Толку. А ние сакаме да бутаме 5 пути у денот по еден цел ручек. Епа нема. Да се разбереме и друго нешто!!! Неможеш ни да помислиш да ја „истрчаш“ храната. Во никој случај ни под разно тоа да не ти се згреши да помислиш. Значи една пица да ја изедеш, или чоколадо, или некој нормален вкусен ручек да го истрчаш? Ако ти се трча два ипол саата, пеки. Теорија нема. Да се окозиш од трчање или вежбање тоа ќе ти е пак 1000 калории во денот преку сила. Освен ако не си на тешки средства па да можеш повеќе од тоа секој ден.
Заборави дека постои храна и ќе бидеш слаб. Јади за да преживееш само. Ако можеш. Повеќето неможеме.
Еве и едно документарче од Мајкл Мозли кој е цар на темава и е супер презентер кој истражува и пред се тестира на себе се што зборува. На камера, со бројки, со доктори, комплет. Сите од него се фантастични. И најстрашно е што е во право.
http://www.dailymotion.com/video/xvdbtt_eat-fast-live-longer-hd_shortfilmsНајздрава храна на светот, е ниедна храна. Затоа живеат источњацине по 500 години. Не зошто јадат ориз мориз, туку зошто НЕ јадат ориз мориз. Зошто не јадат скоро ништо. Тоа е тајанта на здравјето и животот и се по пропис. Ниш-то. И чао пријатно. Го препорачувам видеово ако ве интересира како всушност функционира храната кај луѓето. Со среќа.