Од пиење само вода, кисела вода, кока кола зеро, црно кафе без млеко и без шеќер, чај каков сакаш вез шеќер и без мед.
Еве од мене тоа имаш. Ако земеш седнеш и изброиш колку калории заштеда ќе имаш со оваа препорака се ќе ти е јасно.
1 чаша јогурт 150, чаша сок овошен 150, сирење 300, банана 100, кафе со млеко и шеќер 100.
Вкупно 800 калории од ништо. Пола од дневниот внес отишол на глупости. Споредено со:
1 чаша кока кола зеро 0, чаша кисела вода 0, кафе црно 0, урда 80, две белки 30.
Вкупно 110 калории.
Заштеда ~700 калории. И убавината е што не треба да пазиш колку јадеш од овие работи. За истите калории може да си испиеш литро кисела вода, литро кока кола зеро, салата од 3 краставици со оцет и зејтинче, тост со урда и оригано, 5 кафиња, 10 белки со урда и кечап(или сенф). И пак да си под 800 калории.
А термодинамика вика дека со дефицит од 7000 калории слабееш едно кило сало. Значи секој ден по 350 калории да си во минус за 20 дена ќе си 1кг послаб/а.
Физика и математика чиста, без рекла казала.