Многу ми е интересен елитизмот меѓу вежбачите. 
Не гледам никаков елитизам...само премногу време имам потрошено на wannabe вежбачи кои дошле во тереатана, ме прашале како да вежбаат, што да јадат и што "хемија" да зимаат.
Сум им одговорил безрезервно колку што знам и можам, искрено, сум потрошил барем пола саат од моето време за тренинг (кое ми е ограничено), дури на некои сум им правел програма за вежбање
и план за исхрана ,ми рекле "фала - еве од утре обавезно почињам" и никогаш повеќе не се појавиле во теретана.
Истите муабети почнаа да се повторуваат и при излегување на кафе, каде исто сум објаснувал, а тоа од лево уво влегло, од десно излегло.
Касно само ми дојде памет....
И тука на форум пар членови ми пишале ПП и секогаш сум одговарал на долго и широко.