Очајно е што се пишува за „Стероид абјуз“, а се работи за „Синтол абјуз“. Степенот на немање појма во боди билдингот е на потресително високо ниво постојано. Најголем дел од популацијата нема идеја што се стероиди и како работат истите. А си земаат за право да дискутираат и да „солат памет“. Од страна кога гледаш останува да се смееш - нормално. Ама не е за смеење зошто тоа е за плачење. Не е убаво да се смееш на нечива масовна неукост. Ама заслужено зошто не ќути, туку треска.
Стероидите се производи кои ги лачат нашите жлезди во телото. Синтол е масло, бензил и анестетик кој нема допирна точка со стероиди.
Дури и нивната функција е комплетно различна и без допирни точки. Стероидите го тераат телото да вложува енергија во градба на мускулите (анаболичките), или му велат да намали воспаление... Значи тоа се само задачи кои телото треба да ги исполни. Од друга страна синтолот е многу поблизок до силиконски импланти, кој се вбризгува во мускулот и тој изгледа поголем. Но тоа не е мускул туку е масло вбризгано во мускул кое нема никаква функција освен да го рашири и да изгледа поголем.
Има примена на синтолот во компетитивниот бодибилдинг. За да се постигне максимална симетрија на телото, или привиден развој на некои мускули кои неможат да постигнат доволна големина за да се пропорционални. Најдобар пример се мускулите на листовите кои неможат да бидат пропорционални со бутовите, па затоа потребно е да се коригираат со синтол.
А мајмунско брцање со масло за готвење во рака... си е мајмунско брцање со масло за готвење во рака. Тоа поблиско е до пирсање и тетовирање отколку бодибилдинг.