Докторот ми рече да не кревам многу тешко, а посебно не, како што рече Дени со оптеретување на 'рбетот и мртво кревање и тоа во период од една година. А кога го прашав за возење точак (оти возам поприлично, добро не колку Томе и крелл
) ми рече вози ама ако почуствуваш болка престани. Исто така кога возам носам мидер од оние за женине стари и полни
со перничиња на раните. Ова докторот ми го препорача бидејќи не можев никаде да најдам медицински мидер за хернија, па ова како хоум мејд решение.
За пливање пливав и тоа многу ама кога бев на одмор, на базен не одам! А теретанава ме интересираше оти кај да е ќе залади па нема да можам да возам точак, па не би сакал а и не можам да не бидам активен па затоа 
Сепак како шо вика и Дени можи да почнам со малине тегчиња, но знам дека нема на тоа да остани (кој оди в теретана ќе ме разбери) и затоа ќе размислам уште многу пати пред да почнам.
Јас имав дискус хернија, и тоа протрузија од 9мм (обично со 6-7мм се завршува на операција).
Доста исчитав на таа тема, и исто се консултирав со врвни хирурзи (АКХ Клиника - Виена, Матеј Липовшек - Словенија, Алан Крокард - Лондон, Невена Зубчевиќ - Сан Франциско.....). Исто имав среќа да најдам на нет еден Американец, исто бициклист ама Киропрактичар, со истиот проблем како мојот. Човекот ептен ми помогна, а исто и неговиот сајт во поглед на осознавање на нештата, вежби и слично.
Нашите хирурзи беа дека морам да се оперирам, од надвор добив совет да внимавам на симптоми за итна операција, ама да не се оперирам дури не мора (знак дека мора е невролошки испад од тип не можеш да контролираш мокрење, не осеќаш прсти/нозе/раце, и слично). Исто нашиве ми забранија секакви спортови од тип на скијање, точак, тенис...
Неколку месеци не можев да одам како треба, а болка имав едно 2 години. Да скратам

1. Проблемот го решив со редовно вежбање (два пати на ден ги правев вежбиве):
(Ова се вежбите од сајтот на Американецот, воедно разгледај го има корисни информации)
http://chirogeek.com/003_Exercise_DougsWorkOut.htmhttp://chirogeek.com/003_Level-2-Exercise.htm2. Пливање
Пливав секој ден 500 метри грбно, 500 метри женски
3. Пешачење (пешачев по неколку километри).
4. Гледав да не лежам во кревет воопшто и покрај силните болки (со лежење во кревет ти атрофира мускулатурата и уште повеќе имаш проблем).
5. Гледав да не ставам никакви појаси, или мидери, бидејќи исто ти ги атрофира мускулите.
Имав период кај што носев таков појас секој ден, после неколку недели без него не можев да функционирам. На крај користев таков појас, само кога почнав пак скијање, и тоа ако скијав поагресивно
6. Пази кај кого одиш на местење/масажа. Повеќето се приучени и може да ти одмогне (еден познаник што одевме заедно на рехабилитација, некоја во Драчево скроз му направи проблем и го доведе до ситуациј на итна операција (Cauda Equina имаше).
Јас исто се зезнав само без толкави последици, кај една во Козле, што демек била масерка на ракометна репрезентација. Жената на очигледни симптоми на Дискус Хернија, ми кажа дека сум имал проблем со колковите. (После тоа почнав да читам и да контам што е тоа у ствари).
Ако ти треба било каква помош, слободно пиши.
Обавезно направи:
1. MRI и/или CT
2. EMG (Elektromiografija) - Мери оштетување на нервите.
Исто после првата снимка со 9 мм протрузија, после година дена вежбање/пливање и слично, снимката беше само 2мм. Ми забранија точак, скијање, тенис.. Точак можеш да видиш дека возам без никакви проблеми и тоа и МТБ и РОАД, и тоа баш долги тури. Скијам можеби и поагресивно од порано. Тенис немав играно, ама една сезона проиграв баш да видам дали смеам, и ете никаков проблем

Толку од мене за сега