Крел ќе ти каже за дисковите меѓу пршлените, ваљда знае од прва рака.
А за чучњеви морам да се вклучам.
Ставаш сунѓер... Зошто? Ја поместуваш тежината наназад некој сантим, непотребно. Доколку те боли кај што ја ставаш шипката има веројатност да не ја ставаш како што треба. Незнам за која тежина се работи, меѓутоа на 115кг на чучњеви до земја најмал проблем ми беше шипката. Тоа треба да се види. Ама океј, некои си сакаат со сунѓеери така да не се бунам. Само да не е неправилна положбата ми е муабетот.
Тежината паѓала од напред на стомакот? Кој стомак? Било која тежина која ја носи човечкото тело паѓа врз р'бетот и само рбетот. Многу мал дел од тежината може да падне на внатрешниот притисок на органите на трупот, но далеку од тоа дека тежината е на стомакот. Стомакот нема носивост. Мускулите знаат само да се контрахираат односно да се стегаат (да се скратуваат), немаат цврстина за носење терет. Терет носи само коска. Значи кога дигаш напред, теретот (според физика - лост) оди на р'бетот, a грбните мускули и газот го исправаат рбетот да не се искриви и да го поднесе товарот. Значи тој е оној кој го носи товарот ве секој можен случај. Тој во комбинација со грбните мускули. Кои заедно со заданта ложа и газот - ја прават ставата на човекот. Или положбата на стоење, и носење терет во исправена положба.
Значи болки од удар и триење немаат врска со дискус хернија, која е скроз друго притискање на дискот меѓу два пршлена. Болката е скроз друга, нервна болка, а не воспалена. И обично се случува во долните пршлени кај бубрезите, а не горе. Иако може и таму и таму да се јави.