Не ми е омилен Кинг, ама врши работа.

100 години билдање.


Oвој човек, кој во 1952 година ја освоил титулата мистер универзум, во животот се борел со сиромаштијата, поминал одредено време и во затвор и доживеал мозочен удар, животот не го земал здраво за готово!
Поранешниот Мистер Универзум, на 17 март ќе го прослави својот 101 роденден. Тајната на старецот, кој во својот живот се борел со сиромаштија, време поминато во затвор и мозочниот удар, е токму во разбирањето на смислата на животот.
Манохар Аич, висок само 150 сантиметри, преживеал многу препреки во животот само за да стекне слава во бодибилдингот. Роден е во малиот град Камила во Бангал, се вклучил во кралската авијација во Индија под британската колонијална управа и тука започнала неговата опсесија со бодибилдинг.
Британскиот офицер Руб Мартин го охрабрил да тренира со тегови и брзо се стекнал со пофалби од останатите припадници на авијацијата.
Подоцна завршил во затвор поради протестирање против колонијалната власт.
"Во затворот почнав да тренирам сериозно. Тоа ми помагаше за да се припремам за светското првенство. Тренирав сам, без опрема, некогаш и по 12 часа дневно" – вели Манхор.
Кога Индија добила независност во 1947 година, овој човек е пуштен на слобода, но сиромаштијата му го отежнувала патот до бодибилдингот.
Победата на натпреварот "Mr. Herkules" во 1950 година, го охрабрила да отпатува во Лондон на натпреварот "Мистер Универзум", на кој го освоил второто место. Одлучил да остане во Англија и да се припреми за уште еден обид и во 1952 година ја освоил и титулата.
Шест децении подоцна, овој човек сèуште оди во теретана, им помага на своите синови кои водат фитнес центар и им помага на младите да достигнат сè она што тој го постигнал.
Вели дека неговата тајна за долг живот е едноставна диета која се состои од млеко, овошје, ориз и риба. Исто така никогаш не пиел и не пушел цигари.
"Никогаш не сум дозволил да бидам напнат. Секогаш сум се мачел за да заработам пари, но каква и да била ситуацијата секогаш сум бил среќен човек" – вели Манохар, надополнувајќи дека животот без стрес е најважен!
http://www.themen.mk/index.php/zabava/zanimlivosti/4147-stogodishen-bodibilder-seushte-aktivno-kreva-tegovi.html