Автор Тема: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...  (Прочитано 741241 пати)

Отсутен vladimir_

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 212
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #5760 на: 31 Јули 2019, 17:10:57 pm »
56кг сум, 163 висок. Мало човече.

Ајде вака...

Тренинг -

По 3-4 вежби за секоја мускулна група во 4 серии  15, 12, 10 и 8 репетиции каде првата од 15 репетиции е "загревање", a на секоја наредна серија покачувате тежина со што последата од 8 репетиции е најголема тежина која ја вежбате до откажување.  Во типот на вежби не навлагам во детаљи, секоја теретана има различни справи а и должност на газдата е да ви каже која справа за што е и како се вежба.

Во секој случај распоредот, за почеток би бил :

ПОНЕДЕЛНИК: Гради и трицепс
ВТОРНИК: Стомачни ( Дома..има еден тон видеа на јутуб меѓу кои и она кое јас со години го вежбам и го постирав неодамна во темава).
СРЕДА: Рамо и нозе
ЧЕТВРТОК: Исто како вторник
ПЕТОК: Грб и трицепс.
САБОТА/НЕДЕЛА: Одмор.

Исхрана:

1. На ден на тренинг (пон, сре, пет):
Доручек - кафе без шеќер (ако пиете) , смути - овесни снегулки со млеко и малку протеински шејк или 5 варени јајца ( со најмногу 2 жолчки).

Протеински ручек ( Пилешко, телешко или  риба) со најмногу 300 гр јаглехидрати ( печен компир, интегрален ориз) зеленчукова салата во  неограничени количини без зејтин или со маслинов, без сирење или минимално, без леб.

Ужина: свежо овошје или протеин бар, кафе без шеќер (ако пиете)  и најмногу 100 гр апетисани ( лешник, бадем, кикирики без сол, семки од тиква или лупен сончоглед без сол)

Вечера после тренинг : протеински шејк со сецкана банана или 5 варени јајца ( со најмногу 2 жолчки).

2. На ден на одмор (вто, чет, саб, нед):
Доручек: кафе без шеќер (ако пиете) доручек смути - овесни снегулки со млеко и малку протеински шејк или 3 варени јајца  ( со најмногу 1 жолчка)

Протеински ручек БЕЗ јаглехидрати ( Пилешко, телешко, риба), зеленчукова салата во  неограничени количини без зејтин или со маслинов, без сирење или минимално, без леб.

Ужина: свежо овошје  или протеин бар или протеински шејк со банана, кафе без шеќер (ако пиете)  и 100 гр апетисани ( лешник, бадем, кикирики без сол, семки од тиква или лупен сончоглед без сол)

Вечера - њама. :)

3. Не треба да конзумира:
- благо ( колачи, чоколади. сладолед, торти и сл.)
- газирани скокови и џусеви.
- алкохол ( бар не редовно и рекумерно..особено не пиво,ракија)
- солени грицки ( чипс, соленки и сл.)
- junk food.
- тесто и било што од бело брашно. ( заборавете пекари).
- гејнери.

Неколку битни ствари :

1.Не вежбајте кардио. ( точак, лента...)

2. После пола годиина, тренингот за нозе ќе се префрли засебно во Четврток, а стомачните наместо во  Четврток ќе си ги цепате по дома во Сабота.

3. Ако случајно пропуштите тренинг, држете се до распоредот односно не вежбајте 2 тежински тренинзи еден по друг ден. Одморот од 24 на мускулот после тренинг е клучен за да расте, а нели...тоа сакате. :)

4. Пазете на прогрес на секоја вежба.

На пример: ако првиот месец правите 8 репетиции сo (пример) 70 кг на бенч, следниот месец веќе би требало да можете да ги кренете без проблем истите 70 кг и 10 пати, со тоа што на последната серија ја покачувате тежината за плус 5-10 кг, а ја елиминирате најлесната тежина за загревање и ја заменувате со потешката која на почетокот сте ја кревале 12 пати.
Ова важи за секоја вежба, секој тренинг, со тоа што за  една година редовен тренинг би требало да кревате и до 50% повеќе  во однос на тежината која што се почнале. :)

5. Спијте редовно, најмалку 7 часа навечер.

6. Протеинскиот шејк пијте го што побрзо (веднаш) после тренинг.

7. Првава година баталете интернет филозифии, статии, видеа, не се мерете на вага, не се сликајте за да се споредувате , не мерете обем на бицепс и слични глупости.

8. Почетокот е најтежок, но резултатите се најочигледни и само мрзливите губат мотивација.

9. Овој режим на исхрана нема да трае вечно.  Кога ќе ја постигнете бараната форма и телото ќе се навикне на редовен тренинг и здрава храна, метаболизмот природно ќе работи побрзо и ќе соговрува штеточини многу поефективно..што значи ќе може ден до два во неделата да јадете и пиете што сакате и колку сакате и нема ништо од тоа да ви се познава, ниту да ви штети. (читај 2 чизбургера со све од 7 мица со пола литар Кока кола или пола пита буек со месо после пијанка во град). ;D
А за повеќе од тоа ни сами нема да сакате да внесувате срања, пошто менталниот склоп нема да ви дозволи осле толку работа и дисциплина ...исто како што тазе изгланцана кола избегавате да ја возите по вирчиња и калови. ;D
 
Терајте вака најмалку 6  месеци, редовно, дисциплинирано без исклучоци, па ќе правиме муабет пак.
Комбинацијата рамо-нозе од никогаш не сум можел да ја разберам.
Нозе посебно,рамо комбинација со вратни мускули и то е то.

Sent from my PRA-LX1 using Tapatalk


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #5761 на: 31 Јули 2019, 17:15:43 pm »
За почеток доволно е 3 пати неделно теретана додека се стекне навика.
Рамо не се комбинира со ниеден друг мускул од горен дел ако сакаш да расте бидејќи и брзо уморува  и споро расте и најбрзо паѓа од форма во споредба со другите мускули.


Затоа пишав "После пола годиина, тренингот за нозе ќе се префрли засебно во Четврток, а стомачните наместо во  Четврток ќе си ги цепате по дома во Сабота."....а рамо ќе си остане само за себе во среда.



Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #5762 на: 31 Јули 2019, 17:54:13 pm »
Цитат
Спијте редовно, најмалку 7 часа навечер.
Е а арнолд по 6 спиел. Не дека не сака да спија по 10 саати ама њама.... :(
 6 ако имам среќа :)
Ќе го пробам ова со 4 дена ќе видам како  ќе ми прија. Онда мора да е редоследот тој со денојте, зборот ми е гради да не вежбам понеделник ( сите вежбаат)
Која е разликата од геади со трицепс до гради и бицепс?
Фала, борч сум ти еден шејк ! :)
« Последно менување: 31 Јули 2019, 18:20:47 pm Bicikle »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #5763 на: 31 Јули 2019, 18:47:30 pm »
Која е разликата од геади со трицепс до гради и бицепс?

За волумен на рака кога не стегаш мускул трицепсот е многу побитен отколку што мислиш.

Кога вежбаш гради (бенч или склек) индиректно го активираш и трицепсот и истиот ако го вежбаш после гради е помалку или повеќе заморен.
Со мојот распоред трицепсот го вежбаш двапати неделно, еднаш индиректно со гради и еднаш кога му е денот  - после грб.
Истата приказна е и за бицепсот со грб кој јас го вежбам одморен после гради. :)

За да избегнеш гужва на бенч во понеделник, трампај ги петокот и понеделникот.
Ништо страшно, НО...нека ти направи една тура газдата на теретаната, нека ти објасни која справа за што е и како се вежба правилно.
После тоа терај како што ти пишав..3-4 вежби за секоја мускулна група (зависно од справите) , по 4 серии од 15,12,10 и 8 повторувања.
Паузи прави колку што ти е реално потребно, и обавезно вода.
Тренингот не би требало да трае повеќе од 60 минути, односно 80 минути со се паузи.

За спиењето...пресудно е не само за квалитетот на самиот тренинг, туку и за ефектите после него.
Ако вежбаш, се храниш здраво но не спиеш редовно :
- немаш квалитетна регенерација на мускули ( кои баш тогаш растат, а не во теретана кај што си ги искинал)
- немаш сила да напредуваш во тежините на следниот тренинг  туку едвај ќе истераш она што без проблем си го можел претходната недела.
- имаш неконтролирана стрвост/глад и јадеш глупости и се што ти дојде при рака.
- ненаспан, неодморен организам кој го подложуваш на дополнителен стрес со кревање тежиини лачи Коритизол ( хормон на стрес) чија последица се масни наслаги.

Зборам од искуство, не од интернет статии. :)

« Последно менување: 31 Јули 2019, 19:10:21 pm Stratro »

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #5764 на: 31 Јули 2019, 20:01:23 pm »
пазете со апетисаните да не ебете после ко мањаци, па да се исушите уште толку :)))))
се шалам, слушајте искусни луѓе како Стратро, многу добри совети дава, те цела рамка за вежбање и исхрана ја презентира, поготово важно за почетници. И полека со тежините, најбитно е правилното изведување на вежбите, а тоа може да го пробате и сами па да видите разлика од тренинг до тренинг.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #5765 на: 31 Јули 2019, 23:01:06 pm »
Знам дека трицепсот е поголем одколку што изгледа, и дека се активира со гради, ама не знаев дали е подобро еднаш да го „утепаш“ бицепсот, или два пати да го вежбаш. Онда петок ти промакнаш нешто најверојатно.
Цитат
ПОНЕДЕЛНИК: Гради и трицепс
ПЕТОК: Грб и трицепс
.


Цитат
За спиењето...пресудно е не само за квалитетот на самиот тренинг, туку и за ефектите после него.-
јасно ми е него да не има некоја финта... кај 7-8саати максимум спијам, и тие не ги спијам како што треба....Не дека не ми се спие :D

Цитат
Зборам од искуство, не од интернет статии. :)
- приметив затоа те препрашав, друго е ко ќе пробаш, а за да пробаш реално трбе време (и многу други работи). Инаку имам изгледано 100 видеа на јоутубе, ама колку што гледам све повеќе ми се мешаат работите. А и да не се лажиме сега некој што е цел живот на хемија и продава протеини на јутјуб, сигурно дека не се замара кој како вежба :)
Цитат
пазете со апетисаните да не ебете после ко мањаци, па да се исушите уште толку :)))))
- за дефиниција xD

Цитат
многу добри совети дава, те цела рамка за вежбање и исхрана ја презентира, поготово важно за почетници. И полека со тежините, најбитно е правилното изведување на вежбите, а тоа може да го пробате и сами па да видите разлика од тренинг до тренинг
. - ова сум го пробал на мене, да има разлика

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #5766 на: 01 Август 2019, 00:09:44 am »
 Јас вежбам со години, аматерски/рекреативно и гради никако неможам да оформам, едино еднаш ко запнав по 100+ склека секоја вечер, тогаш дојдов до резултати, ама ептен напорно е така...преку теретана никако да оформам гради, а форсирам со тежини и гледам да е што поправилна изведбата, ама џабе.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #5767 на: 01 Август 2019, 01:48:58 am »
Да не ти се воспалиле :) оденаш 100+ или?

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #5768 на: 01 Август 2019, 02:10:33 am »
Дефинирај "оформам".

Од (грубо речено) генералните типови на анатомска градба на тело: атлетски, астеничен итн
сите се базирани на "своја политика" и што и колку им е потребно да достигнат одредено "оформување".

На кратко, човек со атлетска конституција на тело и да е 160 висок, а тежок 100кг
за 1 година ќе постигне фантастично подобри резултати во однос на тебе ако си астеничен и висок 200цм.

Верувај ми, 196цм сум, а сум бил во сите варијанти од 75кг до 125кг.

Тоа "оформувањето" на одреден дел, понекогаш едноставно е премногу тешка задача.

Мислам дека најдобро би било главната кауза да ја постигнеш прво - да се чувствуваш добро во врска со своето здравје.
Убав бицепс и јака цицка - отом потом :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #5769 на: 01 Август 2019, 02:14:24 am »
Додатно, овој приумира на видеото (ама има зошто - мада, идиотски делува :) )
и има милиони прегледи (уште еднаш, има зошто)

ама пробај да видиш како ќе функционира, сепак мислам дека методот е успешен универзално - без разлика на висина/тежина/градба

Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #5770 на: 01 Август 2019, 08:32:20 am »
Знам дека трицепсот е поголем одколку што изгледа, и дека се активира со гради, ама не знаев дали е подобро еднаш да го „утепаш“ бицепсот, или два пати да го вежбаш. Онда петок ти промакнаш нешто најверојатно.
Цитат
ПОНЕДЕЛНИК: Гради и трицепс
ПЕТОК: Грб и трицепс
.



Корекција...Понеделник е гради и бицепс.
Грешка во пишување.
:)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #5771 на: 04 Август 2019, 22:33:47 pm »
@Bicikle
@BrziGonzalez

Да ве потсетам, утре понеделник е.


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #5772 на: 21 Август 2019, 15:40:10 pm »
Слика од плажа во 70 тите...



Или на времето само слабите можеле да си дозволат одмор или нешто до хранава ќе да е.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #5773 на: 21 Август 2019, 15:51:57 pm »
Да до храната е. Во 1970ти и 80ти се префрла храната од масти кон шеќери индустријата.

Обајснето е во оваа книга:
https://www.amazon.com/Real-Truth-About-Sugar-Lustigs/dp/1468161776

Или во видео форма еве го како излагање:
https://youtu.be/dBnniua6-oM

Не е тајна.

Накратко фруктоза и сахароза во телото се процесираат преку црниот дроб. Потполно исто како алкохол и останатите отрови, како оние за глувци и животни. Многу е убаво објаснето чекор по чекор што се случува во телото со внес на глукоза, а што се случува со внес на сахароза/фруктоза/алкохол.

П.С. сум го ставил ова и пред 5 години на форумов.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #5774 на: 21 Август 2019, 16:12:01 pm »
fruktoza=otrov ???