Па добро сепак си кинисал по патот. Не дека си уплашен, него да не се разочараш, патот до убаво здраво и способно тело е макотрпен. Пиеш, пушиш?
Првите 5-6 месеци немаш многу потреба ни од гејнери ни од протеини, евентуално некој витамини, минерали или коулаген ( за зглобовите ), тоа е време за да ти се прилагоди телото, оти како што велиш до сега си бил закржлавен и одеднаш ги активираш сите мускули, тоа е шок, значи организмот треба повеќе да јаеи, а со тоа и повеќе да преравотува храна, па истата храна подобро да е користи, ча да лачи соодветни хемикалии за да се преработи ( желудечен сок, инсулин жолчен сок, ензими ), па да го регулира растењето и реставрирањето на мускулите и зглобовите, и на сето тоа ако додадеш уште еден оброк уште толку ќе го оптовариш организмот.
Колку повеќе вежбаш повеќе ќе ти се јаде, секако доколку не пиеш и не пушиш, а њо тоа нормално е и да фрлиш некое килце сало, ама нема да биде многу, поготово ако се храниш здраво, па ко ќе не можеш да внесиш доволно е тек тогаш гејнери протеини такви работи.
Ко демек, протеините се поздрави него месо на пример, ама лично мене ми се мути од ними, а по некад и ми се лошело, па ги земам по пола доза како би избегнал такви заебанции. А сум јадел и по полкило сланина без последици. По гејнер од сланина + леб/компири нема
Со генерот немав проблем, иако го зедов најефтиниот.
Тоа од мое искуство, не дека сум нешто ептен во тек, нити пак тренирам за титула, повеќе одам да не ги слушам децана ко ќе пиштат, да одморам психички, да го искористам позитивно бесот насобран од секојдневито и слично.
Па за потака ќе си ангажираш тренер оти треба постојано тренингот да го прилагодуваш према прогресот, исто и храната да ја прилагодуваш, суплементи, спиењето и сите тертипи што треба.
Секој организам си е приказна за себе, ама стероиди си се стероиди xD мада што знам, овде нема ни некој соодветно обучен ( или па се ретки таквите) нити пак имаш потреба ако не одиш на такмичење, т.е. едино ако сакаш резутатот да го постигниш за 3 месеци (шорткат), ама сигурно ќе си наплатат дебела цена за тоа, т.е. треба да направиш детална анализа доколку би посегнал по хемија.
Некои гледам као немаат нус појави, некои се жалат, на мене не сум пробал, да не те лажам.